Швеѓаните вградуваат микрочипови во рацете бидејќи сакаат да се ослободат од кредитните картички и клучеви

 
 

Многу Швеѓани се чипуваат од почетокот на 2018 година. Имено, во државата се прошири тренд со хируршко вградување на чип во подрачјето помеѓу палецот и показалецот. Функцијата на чипот е замене за пластични картички, клучеви и останати работи кои луѓето инаку ги носат со себе.

Бројот на чипувани луѓе порасна на 4.000 и се очекува дека до крајот на годината ќе биде двојно поголем.

Чипот ги заменува електронските паричници, кредитни картички и слични картички. Чипот е во големина на зрно ориз, а чини 180 долари. Некои компании им ја нудат оваа опција на вработените.

Овој чип нема GPS, такашто е невозможно да ја следите личноста која го носи. Преку чипот е невозможно да му пристапите на друг уред и може да се користи само она што е примарно ставено во неговата меморија.

Научниците веруваат дека овој потег ќе отвори врата за новите дигитални можности во Шведска. Меѓутоа, оваа иновација наиде на бројни критики. Многу луѓе веруваат дека во чиповите има и GPS, додека некои сметаат дека информациите на чипот не се сосема заштитени и доверливи.

(183)

Вашиот коментар