Што се можете да купите во Македонија за цената од новиот iPhone ?

Неодамна Apple ја претстави новата ганерација iPhone уреди. Станува збор за два нови модели: iPhone Xs и iPhone Xs Max. Овие мобилни изгледаат идентично како нивните претходници, со тоа што новите модели се достапни во златна варијанта. Цената на основниот модел iPhone Xs со 64 гигабајти изнесува околу 70.000 денари, цената за iPhone Xs Max достигнува и до 76.200 денари.

Дали сте се запрашале што се можете да купите со цената од најновиот мобилен телефон на Apple?

63 Јегермајстери
Овој алкохолен пијалок во продавница можете да го најдете за околу 1.200 денари, поточно 1.195 денари. За еден iPhone вие ќе можете да купиете речиси 63 шишиња од него.

3.880 тоалетни хартии
Едно тоалетна хартија трослојна “Палома” со 8 ролни внатре изнесува 157 денари. Тоа значи дека за 76.200 вие би добиле 3.880 ролни тоалетна хартија, која доволно ќе ви биде за неколку години користење.

 
 

Милка орео чоколади
Ако една Милка чоколада од 300 грама со вкус на орео чини 195 денари, тоа значи дека доколку се одлучите да купите чоколада пред нов мобилен, вие ќе добиете залиха од 390 Милка орео чоколади. Тоа значи дека вие ќе можете речиси секој ден во наредните 12 месеци да конзумирате по една чоколада.

1088 Golden Rose лакови
Ако тргнеме од тоа дека еден квалитетен лак достигнува цена од 70 денари, можете ли да замислите колку лакови би добиле за 76.200 денари? Со плаќањето на оваа сума вие би ја надополниле својата колекција за невидени 1088 нови лакови.

2177 возања со јавниот градски превоз
Со оваа бројка вие ќе можете да се возите повеќе од 5 и пол години со ЈСП и да не морате да ги грижите дека картичката ќе ви снема средства.

635 бургери од Ројал Бургер
За сите љубителни на брзата храна, со парите што би ги дале за новиот iPhone XS Max би можеле да купат 635 бургери со поховано пилешко и сланина кое чини 120 денари.

  
 

Година и 58 дена платена кирија за двособен стан
Иако цените за становите под кирија драстично се имаат зголемено во текот на годините, сепак има доста двособни станови кои не се наоѓаат во центарот на градот, а нивната кирија изнесува околку 180 евра месечно за двособен. Со парите што би ги дале за еден мобилен телефон на Apple вие би можеле да живеете повеќе од година дена во изнајмен стан.

(39)

Вашиот коментар