10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

 
 

Некои работи што денес ни се секојдневие, некогаш биле илегални. И покрај тоа што овие нешта навистина се безопасни, сепак биле забранети. Многу често оние кои биле одговорни за забраните имале и други мотиви наместо оние коишто ги наведувале. Погледнете за кои нешта станува збор.

1. Фудбал

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Фудбалот имал турбулентна историја во Англија и Шкотска каде што бил забранет неколку пати. Првата забрана била ставена на 13-ти април 1314-та година од страна на Едвард II од Англија. Тој сметал дека фудбалот предизвикувал многу врева и можел да има несакани последици. Тој го забранил фудбалот само во Лондон. Втората забрана била во 1331-ва година поставена од страна на Едвард III. Тој ги забранил сите спортови во 1363-та и наредил дека сите треба да спортуваат само стрелаштво. Кралевите Ричард II, Хенри IV и Хенри V исто така го забраниле фудбалот за време на нивното владеење.

Најверојатно кралевите ја забранувале играта бидејќи не ја играле аристократите, па нормално е да биле љубоморни.

2. Божиќ

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Во 1659-та година пуританците го направиле невозможното – го забраниле Божиќ. Тие имале строга интерпретација на христијанството и сметале дека сите прослави, вклучувајќи го и Божиќ, се грев. Самиот празник го сметале за пагански. Првата забрана била поставена во 1644-та година во Англија кога пуританците го сочинувале мнозинството во англискиот парламент. Биле забранети и елките, декорациите и божиќните оброци.

За да се осигурат дека никој нема да прославува Божиќ, тој бил работен ден, а гласниците ги потсетувале сите дека празникот нема да се слави. Забраната траела до 1660-та година.

3. Шах

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Шахот бил забрануван во разни периоди од историјата во Персија, Египет, Јапонија и Франција. Забранет бил и во модерен Авганистан, а моментално е забранет во Саудиска Арабија. Прво бил забранет во Персија во 644-та година бидејќи се сметало дека води кон коцкање. Неколку децении подоцна шахот бил забранет и во Јапонија. Во 1005-та година би забранет во Египет, а во Франција бил забранет во 1254-та година.

Забраната во Саудиска Арабија стапила на сила во 2016-та година бидејќи шахот бил само трошење време. Јасно е дека сите забрани се поради необични причини, најверојатно поради религија. Веројатно луѓето претпоставувале дека моќно битие ја контролира нивната среќа за победување, но во стратегиска игра како шахот, победата зависи само од нивните потези.

4. Пуканки

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Пуканките биле забранети во кината во ерата на немите филмови. Во тој период киното било забава само за богатите кои можеле да читаат. Кината биле уредени со скап мебел, а подовите биле покриени со скапи теписи, па сопствениците не сакале остатоци од пуканки во нивните кина.

Ова се променило за време на Големата депресија кога се појавиле првите филмови со звук. Луѓето повеќе немало потреба да бидат писмени за да уживаат во филмовите, па почнале да се отвораат кина за пониските класи. Тие оделе на филм со нивни пуканки кои биле евтини дури и во овој период. Кината сфатиле дека ова е одлична можност за заработка, па почнале самите да продаваат пуканки.

5. Куглање

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

И куглањето било забрането од старите англиски кралеви. Кралот Едвард II го забранил куглањето во 1366-та година, а Едвард IV го забранил повторно во 1477-ма година заедно со уште неколку спортови. Кралот Хенри VIII исто така го забранил куглањето, иако и самиот уживал во него. Можеби ова го спречило да го забрани спортот целосно, па тој им останал достапен само на повисоките класи.

6. Жени со панталони

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Во 1800-тите полицијата во Париз изјавила дека жените треба да побараат дозвола од нив пред да облечат машка облека. Им било дозволено да носат панталони само ако јаваат коњ. Во 1909-та година законот бил изменет и жените што возеле велосипед можеле да носат панталони, но морало постојано да се држат до велосипедот. Имало неколку неуспешни обиди да се тргне забраната и тоа било направено дури на 31-ви јануари 2013-та година.

7. Жени што имаат кредитни картички

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

На жените во САД не им било забрането да имаат кредитни картички, барем не официјално. Сепак често се соочувале со дискриминација и им било потешко да допрат до нив. Жените во брак морале да имаат потпис од сопругот на апликацијата пред да добијат картичка. Вдовиците и сингл жените морале да најдат маж што ќе им се потпише. Жените морале да кажат и колку деца имаат пред да добијат кредитна картичка. Дискриминацијата траела до 1974-та година.

8. Кафетерии

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Во 1675-та година, кралот Чарлс II од Англија ги забранил кафетериите. Всушност тој забранил секаква продажба на кафе, чоколадо, чај и шербет. Забраната немала никаква врска со кафето. Кралот бил загрижен дека луѓето можат да планираат бунт во кафетериите. Во тој период Лондон имал околу 3.000 кафетерии каде што се собирале луѓето. Сепак, забраната никогаш не стапила на сила.

9. Костими за капење

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Костимите за капење предизвикале морална паника на почетокот на 20-тиот век. Пред 1900-тите, костимите за капење биле изработувани од волна и го покривале целото тело. Нештата се промениле во 20-тиот век кога костимите станале потесни и без ракави. Поради забраната, неколку жени биле уапсени бидејќи носеле прекратки костими за капење, и тоа во познати градови како Чикаго и Њујорк.

Во 1919-та година Њујорк вработил 20 посебни полицајки кои патролирале на плажата и проверувале дали жените ги почитуваат правилата. Нештата се промениле во 1930-тите кога властите почнале да ги толерираат жените со пократки костими за капење.

10. Бикини

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

И бикинито предизвикало паника кога прв пат се појавило во 1946-та година. Тоа било забрането во Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Австралија и некои делови од САД. Некој период бикинито не можело да се појавува ни во холивудските филмови.

Во 1953-та година Педро Зарагоза, градоначалникот на Бенидорм, им дозволил на луѓето да носат бикини на градските плажи, иако било забрането во цела Шпанија. Целта му била да го претвори градот во туристичка дестинација. По некое време и неколку апсења, бикинито станало легално во Шпанија.

(110)

Вашиот коментар