10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

 
 

Можеби сте забележале дека ние луѓето настојуваме да го менуваме нашето опкружување со цел да го направиме поудобно. Додека повеќето места останале погодни за живеење, дел од нив се толку многу оштетени што повеќе не се безбедни за луѓето. Без разлика дали причината е запоставување, тестирање оружје или промена на климата, луѓето ја уништуваат Земјата со векови. Погледнете некои од најопасните места на Земјата благодарение на луѓето.

1. Островите Антракс

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Во светот постојат три вакви острови кои биле користени од страна на САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз за тестирање биолошки оружја како што е антраксот.

Островот Груинард се наоѓа во Шкотска и бил користен од страна на Велика Британија за време на Втората светска војна. Бил прогласен како непогоден за живеење во доцниот 20-ти век. Островот Возрожденија се наоѓа во Аралското Езеро и бил поделен помеѓу Казахстан и Узбекистан. Советскиот сојуз го користел во 1950-тите. Планирале да го исчистат, но сојузот се распаднал пред да го направат тоа. Владата на САД го поседува и раководи со Центарот за болести на остров во близина на Њујорк. Кога сакале да го продадат морале да го одредат нивото на загадување.

2. Корејската демилитаризирана зона

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Со должина од 250 километри и широчина од 4 километри, не постои поголема акумулација на нагазни мини во светот. Влегувањето во зоната претставува ризик за секого. Иако одвреме-навреме се случуваат упади, малкумина влегле и излегле безбедно. Границата е постојано под надзор што дополнително го отежнува влегувањето.

Ако сепак успеете да влезете во зоната, поголеми шанси имате да нагазите на некоја од мините отколку да ве уапсат.

3. Гилман, Колорадо

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Гилман започнал како рударски град во 1886-та година за време на сребрената треска во Колорадо. Но денес е град на духови поради трајната евакуација во 1984-та година наредена од Агенцијата за заштита на околината.

Градот е напуштен поради загадување на водата со непрофесионалното рударство. На почетокот на 20-тиот век, во водата се нашле цинк, олово, арсен и сулфиди. Иако градот не бил голем, загубил население од околу 300 луѓе. Денес градот изгледа речиси исто како и во минатото. Искршени се стаклата, но домовите, зградите, па дури и личните автомобили стојат на нивно место.

4. Бикини Атол

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Можеби имате слушнато за атомските тестови од 1950-тите во Бикини Атол, но никогаш нема да го посетите ова место. Благодарение на тестовите на САД, жителите биле преселени пред 71 година. На 1-ви март, 1954-та година, САД ја тестирала хидрогенската бомба Браво, нуклеарно оружје од 15 мегатони кое „избришало“ три острови. Островите останале непогодни за живеење поради експлозијата.

Почнувајќи во 1946-та, САД тестирала вкупно 67 нуклеарни направи на и околу Бикини Атол и Маршалските Острови. Верувале или не, има неколку луѓе кои живеат на островот и го одржуваат. Редовно ја тестираат почвата и бараат начин да ја намалат радијацијата.

5. Пичер, Оклахома

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Пичер е одлично место за посета доколку сакате труење со олово. Градот бил напуштен по наредба од Агенцијата за заштита на околината поради бројните нелегални копања низ градот. Инженерите откриле дека 86% од зградите можеле да се срушат во секој момент. Но ова не бил единствениот проблем. Истражување од 1996-та година покажало дека 36% од децата во градот страдале од труење со олово. Низ градот има огромни купови токсичен материјал, а со ова се загадува и водата.

6. Витенум, Австралија

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Ни беа потребни неколку години, но сфативме дека азбестот е опасен. Во 1960-тите, Витенум, Австралија бил најголемиот произведувач на азбест на континентот. Но до 2013-та градот беше затворен поради високото ниво азбест во околината.

7. Централија, Пенсилванија

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Ова место гори веќе 55 години и ако пресметките се точни, ќе гори уште 250. Ако сепак се одлучите да влезете во градот, ќе наидете на знаци кои предупредуваат дека може да умрете од гушење или да бидете проголтани од земјата.

Во Централија живееле околу 1.000 луѓе, но денес е модерен град на духови благодарение на подземниот пекол што консумира тони јаглен. Жителите успеале да го смират пожарот над земјата, но тој продолжувал под земја. На површината постојано се отвораат дупки и гасот што излегува е смртоносен. Денес овде живеат само 12 луѓе кои одбиле да се преселат.

8. Чернобил, Украина

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Една од најлошите нуклеарни катастрофи се случила во нуклеарната централа Чернобил во 1986-та година. Од радијацијата директно умреле 33 луѓе од кои 28 биле пожарникари, а останатите работници кои се обидувале да ги сопрат пожарот и радијацијата.

По несреќата поставена е опасна зона со радиус од 30 километри. Пресметано е дека земјата нема да биде безбедна за луѓето уште 20.000 години. Можете да го посетите ова место, но со посебни мерки на претпазливост.

9. Аралско Езеро

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Аралското Езеро некогаш било огромно и се наоѓало помеѓу границата на Казахстан и Узбекистан. Но, благодарение на климатската промена езерото е речиси целото пресушено. Овде се наоѓа и островот Возрожденија кој денес е опкружен со копно. Езерото има само 10% од претходната големина и најмногу вода изгубило во изминатите 30 години. Езерото почнало да се намалува поради советска електрана од 1960-тите за која биле пренасочени неколку реки, но најголемиот дел од водата е испарен поради покачените температури. Пустината оставена од езерото е загадена од остатоците од риби и претставува ризик.

10. Фукушима, Јапонија

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето

Благодарение на земјотресот на 11-ти март, 2011-та година, цунами удри во нуклеарната електрана Фукушима што резултираше со три нуклеарни топења. Сепак, се одредило дека причините за несреќата биле предвидливи и дека раководителот не ги спровел основните мерки за безбедност. До денес, Фукушима е најзначајниот нуклеарен инцидент од откривањето на нуклеарната енергија.

Од несреќата немало директни смртни случаи, но се претпоставува дека илјадници луѓе може да му подлегнат на ракот во наредните 3-4 децении поради радијацијата. Околу централата е поставена забранета зона со радиус од 20 километри.

(31)

Вашиот коментар