11 неверојатни факти за Млечниот пат

Колку знаете за градот во којшто живеете? Сигурно ви се познати омилените ресторани и како да го избегнете сообраќајниот метеж, но најверојатно не ги знаете сите детали. Истото важи и за нашата галаксија, Млечниот пат. Знаеме дека галаксијата е полна со ѕвезди, супернови, енергија и темна материја, но таа сè уште крие бројни мистерии. Ако сакате да научите нешто повеќе за нашиот дом, прочитајте ги овие интересни факти.

1. Името на Млечниот пат е древно

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Пред да се појават светилките, луѓето имале неверојатен поглед кон ноќното небо. Па, било невозможно да не ја забележите галаксијата. Древните луѓе ѝ давале разни имиња, но денешното име потекнува од Грците. Според митот, малиот Херкул бил донесен на Земјата од Хера која го доела додека спиела. Кога се разбудила и се тргнала, нејзиното млеко се разлеало низ небото. Овој мит е толку стар, што неговото оригинално потекло е изгубено.

 
 

2. Не се знае колку точно ѕвезди има во Млечниот пат

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Броењето ѕвезди не е лесна работа и дури и астрономите се расправаат кој е најдобриот начин за ова. Денешните телескопи ги забележуваат само најсветлите ѕвезди, а многу се сокриени од големите облаци од гас и прашина. Еден начин да се одреди бројот на ѕвезди во Млечниот пат е да се набљудува брзината со која тие орбитираат во него, што дава информации за силата на гравитацијата, а со тоа и за масата на галаксијата. Кога масата на галаксијата ќе се подели со просечната големина на една ѕвезда, се добива нивниот број. Сепак, овие броеви се само претпоставки бидејќи помеѓу големината на ѕвездите има голема разлика. Сателитот Геја на Европската вселенска агенција ја има мапирано локацијата на 1 милијарда ѕвезди во нашата галаксија. Научниците веруваат дека ова е само 1%, што значи можно е Млечниот пат да има околу 100 милијарди ѕвезди.

3. Никој не ја знае масата на Млечниот пат

  
 

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Астрономите сè уште не се сигурни за точната маса на нашата галаксија и се претпоставува дека е од 700 милијарди до 2 трилиони потешка од сонцето. Најголемиот дел од масата на Млечниот пат, околу 85%, е сочинета од темна материја која не емитува светлина и е невозможно да се набљудува директно.

4. Млечниот пат најверојатно се наоѓа во голема празна точка во универзумот

11 неверојатни факи за Млечниот пат

loading...

Неколку истражувања покажале дека Млечниот пат и нејзините соседи се наоѓаат на далечен крај од универзумот. Оддалеку, структурата на универзумот изгледа како космичка мрежа во која има огромни празнини. Најверојатно ние се наоѓаме во ваква празнина наречена „КВС“, именувана по тројцата астрономи што ја идентификувале во 2013-та година (Кинан, Баргер и Коуи).

5. Астрономите се обидуваат да ја фотографираат големата црна дупка во центарот на Млечниот пат

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Во срцето на нашата галаксија се наоѓа огромна црна дупка со маса колку 4 милиони сонца. Научниците знаат дека е овде бидејќи можат да го следат патот на ѕвездите во центарот на галаксијата. Тие забележале дека ѕвездите орбитираат околу огромно невидливо тело. Се очекува проектот наречен „Event Horizon Telescope“ да резултира со први фотографии од работ на црната дупка во наредните месеци.

6. Околу Млечниот пат орбитираат мали галаксии кои понекогаш се судираат

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Португалскиот истражувач Фердинанд Магелан пловел низ јужната хемисфера во 16-тиот век кога забележал кружно јато ѕвезди на ноќното небо. Тој и неговиот екипаж се помеѓу првите Европејци кои забележале нешто вакво. Овие јата обично се мали галаксии кои орбитираат околу нашата и се наречени Големи и Мали магелански облаци. Понекогаш тие се „изедени“ од нашата масивна галаксија.

7. Млечниот пат е полн со токсична маст

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Низ празниот простор помеѓу ѕвездите во нашата галаксија има многу валкана маст. Овие масни органски молекули се произведени од одредени видови ѕвезди и подоцна се исфрлени во вселената. Неодамнешно истражување покажало дека оваа супстанца зафаќа од четвртина до половина од меѓуѕвездениот јаглерод. Овие вести се добри бидејќи маста содржи јаглерод, основната градежна единка на живите нешта. Ова покажува дека во нашата галаксија можеби има живот и на друго место освен на Земјата.

8. Млечниот пат ќе се судри со нејзиниот сосед за 4 милијарди години

11 неверојатни факи за Млечниот пат

За жал нашата галаксија нема засекогаш да биде овде. Астрономите знаат дека таа се движи кон нејзиниот сосед, галаксијата Андромеда, со брзина од 400.000 километри на час. Кога галаксиите ќе се „судрат“, Андромеда ќе ја проголта нашата галаксија бидејќи е помасивна.

9. Ѕвездите од нашите галактички соседи се движат кон Млечниот пат

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Научниците неодамна бараа ѕвезди кои се исфрлаат од Млечниот пат со огромна брзина по интеракција со црната дупка во центарот на галаксијата. Тие откриле дека повеќето од овие ѕвезди всушност се движат кон галаксијата. Голема е веројатноста дека овие ѕвезди доаѓаат од други галаксии.

10. Мистериозни меури излегуваат од Млечниот пат

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Замислете си дека во вашата дневна соба што ја имате видено илјадници пати, има слон кој претходно не сте го забележале. Токму ова им се случило на научниците во 2010-та година кога забележале огромни структури кои се протегале 25.000 светлосни години над и под галаксијата. Овие објекти кои емитуваат гама зраци сè уште претставуваат мистерија за астрономите. Минатата година научниците собрале докази кои покажуваат дека овие меури веројатно се последица од енергетски настан од пред 6 до 9 милиони години кога супермасивната црна дупка во центарот проголтала големо количество гас.

11. Нашата галаксија е бомбардирана со бизарни енергетски пулсови од другиот крај на вселената

11 неверојатни факи за Млечниот пат

Изминатава деценија астрономите редовно забележувале зраци светлина кои доаѓаат од далечниот космос. За овие мистериозни сигнали и денес нема објаснување. И покрај тоа што за нив знаеме веќе 10 години, истражувачите успеале да „фатат“ само 10 вакви зраци. Но неодамнешно истражување успеало да фати уште 20 од нив. Иако не се знае нивното потекло, научниците успеале да откријат дека светлината патувала неколку милијарди светлосни години низ гас и прашина.

(35)

Вашиот коментар