12 неверојатни нешта што можете да ги видите само со помош на рендген

 
 

Откако човештвото ги откри рендгенските зраци, луѓето почнале да скенираат сè што можеле. Рендгенските зраци ни овозможуваат да ги видиме секојдневните нешта од навистина неочекувана перспектива. Со нивна помош ги разјаснивме мистериите за многу природни феномени, процеси во човечкото тело и закони според кои живеат животните. Погледнете како изгледаат неколку секојдневни работи видени со помош на рендгенски зраци.

1. Потковица на коњ со 48 шајки

12 неверојатни нешта што можете да ги видите само со помош на рендген

Овие потковици се за коњи кои се натпреваруваат во одење. Потковицата со повеќе слоеви прави коњот да се чувствува како да е на платформа, па ги крева нозете повисоко. Овој спорт се смета за суров и е забранет во многу земји бидејќи им предизвикува физичка болка и ментална неудобност на коњите.

2. Разговор

Во просек, човекот користи 72 мускули за да каже само еден збор. Еве како изгледа овој комплициран процес под рендген.

3. Стапало во чевел со висока потпетица

12 неверојатни нешта што можете да ги видите само со помош на рендген

Британските научници откриле дека редовното одење во чевли со високи потпетици им штети на стапалата, ги оштетува зглобовите, па дури и го намалува менталниот капацитет.

4. Свирење виолина

Свирењето виолина ја подобрува функцијата на мозокот. Овој факт е докажан од многу научници и многу од нив го користат. На пример, Ајнштајн бил одличен виолинист и почнал да свири на 6-годишна возраст.

5. Бакнеж

Најдолгиот бакнеж траел над 58 часа! Во 2013-та година, Екачаи и Лаксана Тиранарат од Тајланд се бакнувале 58 часа, 35 минути и 58 секунди. Бакнежот завршил во Гинисовата книга на рекорди.

6. Риба

Кога рибата ќе проголта планктон, се создава посебна хемиска супстанца што прави рибата да свети. Оваа светлина може да предизвика непријатели, па штом рибата ќе сфати што проголтала, веднаш го плука планктонот.

7. Куче што пие вода

Кучињата пијат вода поразлично од другите животни. Тие го ставаат нивниот јазик во водата и го искривуваат кон надвор формирајќи мала „лажица“ со која ја собираат водата.

8. Бремена мачка

12 неверојатни нешта што можете да ги видите само со помош на рендген

Ова е Грејс. Таа е мачка со 5 маченца во неа кои биле родени здрави. Не е познато колкав е најголемиот број мачиња што може да ги роди една мачка, но има случај каде што мачката родила 12 мачиња одеднаш.

9. Бремена желка

12 неверојатни нешта што можете да ги видите само со помош на рендген

Можеби не знаете дека школката на желката содржи фосфор. Ако помине долго време под сонцето, таа ќе свети.

10. Голтање течност

Голтањето се изведува со туркање. Благодарение на контракциите на мускулите, можеме да голтаме дури и ако нема гравитација.

11. Морска раја

12 неверојатни нешта што можете да ги видите само со помош на рендген

Морските раи познати како манта се сметаат за најголеми во светот и често се нарекувани ѓаволот на морето. Можат да тежат и до 3 тони, а нивната должина достигнува и до 8 метри.

12. Интересна случка на железничка

Во февруари 2018-та година на железничката во Донгуан, Кина, една жена толку била загрижена за нејзините работи што влегла во рендгенот заедно со нив. Оваа фотографија е резултат на тоа. Не е јасно зошто била толку загрижена бидејќи не било пронајдено ништо забрането.

(687)

Вашиот коментар