Растенијата можат да го направат домот многу поудобно место. Но, не сите луѓе се доволно трпеливи за да им ја пружат потребната грижа на растенијата. Дали знаевте дека има растенија што можете да ги одгледувате многу лесно, па дури и без почва? Погледне за кои станува збор.
1. Лук
Ако ставите чешниња лук во вода, по некое време тие ќе изртат. Зелените листови што ќе се појават се јадат и можете да ги додадете во салата.
2. Кинеска зелка
На кинеската зелка можат да ѝ пораснат нови листови дури и ако е останат само долниот дел. Поставете го долниот дел во сад со малку вода и листовите ќе почнат да растат од средината.
3. Млад кромид
Сè што ви е потребно е чаша, вода и млад кромид за да имате бесконечна залиха од овој зеленчук. Отстранете го зелениот дел, а долниот дел од кромидот ставете го во сад со вода.
4. Моркови
Листовите на морковите растат многу брзо ако ги ставите во плиток сад со вода. И овој дел од морковот се јаде и можете да го додадете во салата или да го измешате со мед.
5. Праз
Од долниот дел на празот оставете околу 5 центиметри и ставете го во сад со вода.
6. Нане
Нането е одличен додаток за чај, слатки и разни сосови, а е навистина лесно да го одгледувате дома. Сè што треба да направите е да ги ставите неговите корења во вода.
7. Босилек
Нема потреба постојано да купувате босилек. За да го одгледувате, само ставете го во чаша вода.
8. Рузмарин
За да одгледувате рузмарин потребни ви се неколку гранчиња од растението. Ставете ги во вода и набрзо ќе се појават корени. Но кога корењата ќе бидат доволно долги ќе мора да го ставите растението во почва.
9. Лале
Многу луѓе мислат дека лалињата се одгледуваат само во градина. Но за да ги имате во вашиот дом потребно е само да ги ставите нивните корења во малку вода.
10. Воден зумбул
За ова растение не ви е потребна почва. Можете да го одгледувате и во аквариум.
11. Зумбул
За овие цветови ви е потребна вазна со камчиња и малку вода. Важно е да го поставите на место со повеќе светлина.
12. Амарилис
И ова е прекрасен цвет што не бара почва. Потребни ви се вазна, камчиња за стабилизирање на цветот и вода.
13. Папирус
Ова растение изгледа како тенко палмино дрво и не му е потребна почва. Најдобро е да го чувате во вазна, до половина полна со вода.
14. Трева оптички влакна
Ова е навистина забавно растение кое наликува на оптички жици. Лесно можете да го одгледувате во вода и изгледа одлично во вазна.
15. Бамбус
Бамбусот расте навистина брзо во едноставна вазна со вода. Ова му е сосема доволно за да се развие целосно.
16. Ѓаволски бршлен
Ова растение обично расте во почва, но може да опстане и само во вода. Речиси е невозможно да се убие и останува зелено дури и во темница.
17. Аглаонема
Ова не е водено растение и најчесто се одгледува во сад со почва. Но бидејќи е едно од најлесните за одгледување, може да издржи и само во вода. Но во овој случај нема да расте многу брзо.
18. Сукуленти и кактуси
Овие растенија се навистина популарни бидејќи немаат потреба од често наводнување. Популарен начин на одгледување е засадување на кактусот во сад со камчиња. Потоа се става во уште еден сад полн со вода.
19. Тиландија
За ова егзотично растение не само што не ви е потребна почва, туку може да преживее и без вода. Доволна му е влажноста од воздухот, но добро е одвреме-навреме да му ги прскате и листовите со вода.
(161)