Германците развиле крвен тест за канцер на дојката

 
 

Ракот на дојката убива повеќе жени на глобално ниво од било кој друг вид на рак. Лекарите во Германија велат дека сега развиле нов тест кој точно може да го открие ракот во крвта

Во 2018 година, околу 627.000 жени во светот починале од рак на дојка. Тоа, според Светската здравствена организација (СЗО), изнесува 15 отсто од сите смртни случаи од рак за таа година.

Сега се надеваме дека оваа бројка може да се намали во иднина, бидејќи германските истражувачи развија тест за подобрување на раното откривање на рак на дојка.

Медицинските истражувачи во Универзитетската клиника во Хајделберг во јужна Германија велат дека создале тест за крв кој сигурно може да покаже дали пациентот има рак на дојка.

Тестот, наречен “HeiScreen”, може да открие рак во крвта, дури и пред да стане видлив за тековната технологија на скенирање, изјави Христоф Сохн, раководител и медицински директор на Женската болница во Хајделберг, кој го предводеше истражувањето.

Раната дијагноза е од суштинско значење за намалување на стапката на смртност од рак на дојка и обезбедување на навремено лекување на пациентите. Со рано откривање, пациентите имаат 95 проценти шанса за целосно закрепнување.

Подобрување на тековните методи, а не замена
Сепак, тестот не е дизајниран целосно да ги замени конвенционалните форми на дијагноза. Во моментов, главните методи на скрининг за рак на дојка се мамограми, ултразвук и скенирање на МРИ.

“HeiScreen”, велат истражувачите, ќе ги надополни овие постоечки методи додека ќе биде “многу помал товар за жените”, бидејќи не е болен метод, помалку чини и доаѓа без изложување на зрачења. Тие велат дека исто така може да се користи за откривање на рак на јајчник.

Тестот базиран на крв, исто така, нуди одржлива алтернатива за луѓето кои имаат густо ткиво на мајчината жлезда и не можат да добијат ефективни резултати од мамограмите, како и за оние кои не можат да подлежат на традиционални форми на клинички прегледи од медицински причини.

За тестирање се потребни само неколку милилитри крв, што може да ги земат и општите лекари. Истражувачите се надеваат дека неинвазивната процедура ќе поттикне повеќе жени да бидат тестирани.

A woman has a mammogram at a university clinic in Jena, Germany (picture-alliance/ dpa)

Брзо, ефикасно и неинвазивно
Врз основа на процедурата за течна биопсија, тестот не е нов начин за откривање на рак, но истражувачите од Хајделберг го усовршуваат методот специјално за откривање на рак на дојка. Во последните 12 месеци, тие испитале околу 900 жени – од кои 500 се пациенти со рак на дојка и 400 здрави пациенти.

Најголемата предност на испитувањето на крвта, вели Сохн, е тоа што реагира многу чувствително, особено кај жените под 50 години. За младите жени процедурата има стапка на точност од 86 проценти. Кај пациенти над 50 години, стапката на точност паѓа на 60 проценти.

Освен за тестирањето на рак, HeiScreen, може да биде развиен за употреба при откривање на метастази или повторувачки рак во иднина, како и при долготраен мониторинг на третманите за рак. Се очекува да биде пуштен на пазарот подоцна оваа година.

Инаку, истражувачи од Австралија и САД, работеа на сличен крвен тест за рак наречен CancerSEEK. Тој има пријавено стапка на точност од 70 проценти, откривајќи осум различни видови на рак.

(84)

Вашиот коментар