5 настани од хорор филмови што навистина се случиле

Понекогаш реалноста може да биде почудна и од холивудски филм, а тоа важи и за хорорите. Кој би помислил дека главниот лик од „Тексашкиот масакр со моторна пила“ е историска личност? Или дека „Истерувачите на духови“ живеат меѓу нас како нормална фамилија?

Ова се 5 настани кои можеби ви изгледаат како приказни и сцени од хорор филм, но навистина се случиле:

Убиецот од Гејнсвил – „Вресок 2“

Вистинскиот настан: Во 1990 година се случиле серија сурови убиства во САД. 5 студенти биле убиени во интернат на колеџ во Гејнсвил, Флорида. Полицијата долго време не можела да го фати убиецот бидејќи бил многу паметен и суров. Сепак, една година подоцна успеале да го фатат, тоа бил непознат келнер по име Даниел Херолд Ролинг. Осуден бил на смртна казна и покрај тоа што имал психолошко растројство.

 
 

Филмот: Една млада жена и нејзините колеги студенти стануваат жртви на мистериозен убиец кој носи маска. Убиецот успева да ја избегне полицијата и да ги тероризира жртвите.

5-nastani-od-horor-filmovi-sto-navistina-se-slucile (1).jpg

Харизматичниот убиец – „Кога јагнињата ќе стивнат“

Вистинскиот настан: Тед Банди го добил прекарот „шармантен убиец“ бидејќи успевал да ги шармира своите жртви. Тој е еден од најпознатите сериски убијци во САД. Своите жртви ги среќавал на јавни места имитирајќи повреда или претставувајќи се како државен службеник.

  
 

Тој бил многу итар. Полицијата го уапсила неколку пати, но тој секој пат успевал да ја докаже својата невиност и да продолжи да убива. Дури помеѓу две судења успеал и да се ожени и да има ќерка.

Обожавал да дава интервјуа и уживал во славата. Сепак, на крај успеале да го осудат на смртна казна, но не пред да наниже 30 жртви.

Филмот: Луд манијак киднапира и убива жени низ САД, а младата ФБИ агентка Кларис го истражува случајот. Кога полицијата ќе заклучи дека сите злосторства се дело на еден убиец, тие ќе побараат помош од затвореникот Ханибал Лектор.

5-nastani-od-horor-filmovi-sto-navistina-se-slucile (2).jpg

loading...

Ед Геин – „Тексашкиот масакр со моторна пила“ и „Психо“

Вистинскиот настан: Ед Геин е познат криминалец којшто станал популарен по тоа што детството го поминал со садистички татко којшто бил алкохоличар и доминантна мајка. Тој исто така имал и нездрава врска со брат му. Куќата на семејството станала свена на многу ужасни убиства, а откако убиецот бил уапсен, таа била изгорена до темел од мештаните. Ед Геин не лежел во затвор бидејќи бил прогласен за луд, живеел долго во ментална болница и умрел од рак.

Филмот: Убиствата на Ед Геин се база за многу хорор филмови и книги. Во филмот „Психо“ на Хичкок, млада девојка се соочува со митериозен манијак. Убиецот исто како и Геин имал тешко детство со мајка му и убива жени бидејќи глас во главата му вели така. Во филмот „Тексашки масакр со моторна пила“, манијакот живее на далечна фарма и го тероризира целото соседство.

5-nastani-od-horor-filmovi-sto-navistina-se-slucile (3).jpg

Шизофренијата на Били Милиган – „Сплит“

Вистинскиот настан: Били Милиган е најверојатно најпознатата личност со шизофренија. 24 личности живееле во неговата глава и тие не се согласувале помеѓу себе. Различните личности го терале да прави различни злодела.

Неговото детство било многу тешко. Неговиот очув бил многу суров со него, а тоа довело до неговото растројство со шизофренија. Милиган два пати бил на судење, но на крај судот го прогласил за луд и бил пратен во ментална болница каде што поминал 10 години. И покрај лекувањето, Милиган не можел да ги контролира личностите во главата сѐ до неговата смрт.

Филмот: Две девојчиња се киднапирани во сред бел ден на паркинг. После некое време тие се наоѓаат заклучени некаде со човек којшто секој пат им прикажува различна личност од себе. Криминалецот оди на работа, посетува психијатар, а во меѓувреме ги подготвува девојките за средба со неговата најстрашна личност, Ѕверот.

5-nastani-od-horor-filmovi-sto-navistina-se-slucile (4).jpg

Манијакот којшто пишувал писма – „Зодијак“

Вистинскиот настан: Убиец познат под името „Зодијак“ е најверојатно најзлогласниот криминалец во САД. Најмногу, затоа што сè уште не е фатен. Тој убивал кон крајот на ’60-тите години на минатиот век и 12 души биле негови жртви.

Но, тој е познат и по нешто друго. Праќал сатирични писма до локалните весници и во нив ги признавал убиствата, ги откривал деталите и се исмевал со полицијата.

Дополнително, тој правел криптограми со шифрирани лични податоци. Најголем дел од нив не се дешифрирани. Властите веруваат дека Зодијак може да е воено лице или полицаец, бидејќи му биле познати истражните процедури и затоа успевал да ѝ избега на полицијата.

Филмот: Манијак го тероризира Сан Франциско и околните региони цели 25 години. Го снемува и повторно се враќа. Полицијата дури и се сомнева дека тоа е една иста личност, но убиецот им праќа писма за да им докаже дека не се пензионирал.

5-nastani-od-horor-filmovi-sto-navistina-se-slucile (5).jpg

(54)

Вашиот коментар