7 работи што Европејците ги прават подобро од Американците

 
 

Американското население е претежно склоно кон консумирање на леб и пекарски производи со продолжен рок на траење. Ваквите производи не можат да се споредат со свежо печени лепчиња и колачи од Европа.

На Reddit се водеа дискусии за работите што Европејците ги прават подобро од Американците.

Еве што заклучија корисниците на оваа дигитална платформа кога ги споредуваа овие континенти:

Леб и пекарски производи

Храната и пијалаците се една од првите теми кои корисниците на Reddit ги допреа.

„Багетите од која било продавница и кроасаните од најлошиот киоск на железничката станица беа многу подобри од сè што јадев во Америка, дури и кај познатите пекари“, рече корисник наречен AskMrScience.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 02

Сирење

„Грујере, пармезан, фета, постојат многу избори на сирења во Европа. Во Соединетите држави имаме жолто сирење наречено „Американец“, посочува корисникот eternalrefuge86.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 03

Кафе

Не само што кафето подготвено во Европа има подобар вкус, туку се прави и служи на подобра температура.

„Сериозно, сите кафиња во САД се премногу жешки за консумирање веднаш по подготовката“, забележа корисникот Lo-def.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 05

Чоколадо

Европејците знаат дека имаат подобро чоколадо од Американците, а и многу Американци се убедени во ова по посетата на некои од земјите на европскиот континент.

„Не можам повторно да јадам Херши (Американска компанија и еден од најголемите производители на чоколади во светот) откако поминав извесно време оваа година во Шкотска. Следниот пат кога ќе донесам резерви за дома“, забележа Queen_Red.

Среќа што не била во Белгија.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 04

Шопинг

Американците имаат огромни трговски центри каде што може да се најде сè, од игла до локомотива, но нивниот систем на плаќање ги буни повеќето Европејци.

„Цената што ја гледате на етикетата на производот во европска продавница е сума што ќе мора да ја платите на благајните. Во Америка, на ова се додава данок. Купувањето е многу поедноставно во Европа, особено ако треба да внимавате на вашиот буџет“, коментира корисникот ColdPuffin.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 06

Ноќен живот

„Ноќниот живот е подобар во кој било главен град на Европа или дури и помал град, во текот на викендот, отколку во Америка“, рече корисникот krakonHUN.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 07

Облекување

Според мислењето на корисникот ctn0726, Европејците имаат многу подобар стил на облекување од Американците.

„Јас сум Американец, но минувам многу време во Европа. Тие се облекуваат подобро. Тие знаат да најдат облека што им одговара. Ништо не им е премногу тесно или премногу широко“.

7 raboti sto Evropejcite gi pravat podobro od Amerikancite 08

(47)

Вашиот коментар