Човечкиот мозок е дизајниран да ни дава халуцинации

Халуцинациите, честопати асоцирани со психички нарушувања, можат да произлезат од природниот процес што го користи мозокот за да се направи смисла за светот околу нас, велат последните истражувања на научниците.

Визиите и звуците кои реално не се таму, можат да бидат генерирани од навиката на мозокот да предвиди што очекува да види или чуе, исполнувајќи ги празнините кои недостигаат во реалноста, покажува истражувањето. Токму оваа способност на вашиот мозок да си поигрува со вашите сензори, ви овозможува да препознаете црна форма која брзо се движи во вашата дневна соба како вашата мачка, иако тоа било нешто сосема друго.

Тимот од Кембриџ, заедно со колегите од Универзитетот Кардиф, поставиле експеримент за да видат дали луѓето со психотични тенденции се подобри при менталното пополнување на слики од кои недостасуваат делови. На учесниците им биле прикажани црно-бели слики кои изгледале малку повеќе од збир на линии и дамки се додека не се прикажат оригиналните слики во полно светло. Откако сликата била прикажана во целост, било можно да се препознае што требало да претставуваат контурите. Оние со многу рани знаци на психоза се покажале подобри во предвидувањето на крајниот исход во овој експеримент од луѓето без ментална болест.

 
 

Еден од истражувачите од Универзитетот Кембриџ вели: “Овие наоди се важни затоа што ни кажуваат дека појавата на клучните симптоми на некоја ментална болест може да се сфатат во смисла на изменета рамнотежа во нормалните функции на мозокот. Исто така, тие сугерираат дека овие симптоми и искуства не одразуваат “нефункционален” мозок, туку онаков што се стреми, на многу природен начин, да направи смисла за влезните податоци кои се инаку се двосмислени.”

(46)

  
 

Вашиот коментар