Google собира здравствени податоци од своите корисници

 
 

Google има здравствени податоци од милиони пациенти од 21 држава во САД. Податоците компанијата ги прибирала скришум и за ова не биле свесни ниту лекарите ниту пациентите, откри Wall Street Journal.

Google вели дека не направил ништо илегално, и со партнерот Ascension имале стандарден договор кој ја регулира оваа проблематика. Ascension е невладина организација од здравствениот сектор, таа ги споделува податоците со Google за компанијата да помогне со поддршка во грижата за пациентите. Со податоците од оваа компанија Google си помош на вештачка интелигенција ќе креира персонализирано решение за секој пациент.

Веста за овие податоци преку видео ги сподели укажувач (свиркач). Во видеото има стотици слики од документи кои се достапни во Google, и до нив пристап имаат и вработени во Google. Најголем проблем е што овие податоци не се анонимизирани и во нив се и имињата и вкупниот медицински историјат. Дел од овие податоци се резултати од лабораториски тестови, лекарски дијагнози, записи за хоспитализација, дата на раѓање и слично.

Сите податоци од Ascension сега се во облакот на Google. Вработените можат да се приклучат на системот и да го пронајдат „картонот“ на пациентот.

На обвинувањата дека би можеле да ги продадат овие податоци, Google одговори дека единствена цел на договорот помеѓу двете компании е да се обезбеди услуга кон  давателот на здравствена заштита.

(15)

Вашиот коментар