NASA разви нова форма на ДНК во нивната потрага по вонземјани

 
 

Научници кои се финансирани од НАСА развија нов вид на структура слична на ДНК која може да складира и пренесува информации, а со тоа се подгрева и надежта дека може да се дојде до нови начини за наоѓање на вонземски живи суштества.

Откритието со овој потфат сугерира дека може да има алтернативни, незамислени форми на живот базиран на ДНК, како што тоа ние го знаеме на Земјата. Животот на другите светови и планети може да се гради со употреба на различни молекуларни системи од типот што истражувачите ги развиле во лабораторијата, посочуваат експертите на НАСА.

Новиот молекуларен систем ќе им овозможи на научниците кои бараат живот на друго место во универзумот повторно да размислат што бараат, велат истражувачите.

ДНК е комплексен молекул кој овозможува генетските информации кои не прават тоа што сме, да ги зачуваме и пренесуваме. Тие информации се пренесуваат од родител на потомство во секое живо суштество на Земјата и ни овозможува на сите живи суштества да растеме и напредуваме.

Таа е составена од четири различни состојки, кои научниците ги нарекуваат нуклеотид и се вообичаени и можат да се најдат во сите ќиви суштества на нашата планета. Но, тие може да се разликуваат на друго место во универзумот, според новото истражување.

Замислувањето на формите на живот кои можат да користат различни структури и развивање начини за нивно откривање е централен дел од работата на НАСА. Новиот проект не само што предвиде нова форма на ДНК, туку и создаде таков молекул.

„Откривањето на живот е сè поважна цел на планетарните научни мисии на НАСА и ова ново дело ќе ни помогне да развиеме ефективни инструменти и експерименти што ќе го прошират опсегот на она што го бараме“, рече Лори Глаз, в.д. директор на одделот за планетарни науки на НАСА .

Според новото истражување научниците создаваат нов вид молекуларен систем кој функционира како ДНК, но има важна разлика. Наместо вообичаените четири состојки, содржи осум.

Ги има сите четири што се наоѓаат во животот на Земјата: аденин, цитозин, гванин и тимин. Но, има четири дополнителни, синтетички, кои ги имитираат структурите на состојките што се наоѓаат во редовната ДНК.

Истражувачите ја нарекуваат новата креација „hachimoji“ ДНК – hachi значи осум на јапонски, а moji значи буква, таа функционира исто како и нашата DNA, исполнувајќи ги истите барања што му овозможуваат да складира и пренесува информации.

(35)

Вашиот коментар