Погребални ковчези за изнајмување! И не, не се заебаваме…

Изнајмување нa стан, автомобил, венчаница? За се тоа сме слушнале. Изнајмување на ковчег? Не баш.

Како што светот оди полека по ѓаволите, а секоја напушена идеја сака да се проба, станува јасно дека изнајмувачката индустрија – која некогаш беше резервирана за одела, автомобили и филмови на касети, сега стана многу повеќе, покривајќи сè од камери до електрични алати до паркинг простори и, да, погребни ковчези.

Овој нов тренд има навидум еден тон бенефиции, како прво, изнајмувањето на ствар или услуга што ќе ја користите само еднаш или двапати е многу поевтино (и поодржливо) отколку всушност да се купува. И не само тоа, специјализираните сајтови како Rentalic.com ви дозволуваат да допрете до околните ресурси на вашите соседи и членови на заедницата за да позајмите некој од нивните предмети. Попат, заштедувате пари и сите комшии ве знаат по име и што сте правеле во последно време.

Меѓу оние примери на некои необични предмети достапни за изнајмување, се појавија и првите понуди за изнајмување на погребални ковчези во Америка.

 
 

Просечниот американски погреб може да чини некаде од 8.000 до 10.000 долари, со просечен ковчег од околу 2.000 долари (иако некои модели може да достигнат и до 10.000 долари или повеќе). За наши услови, оправдано скап спорт кој нема да му даде на човека да умре на раат.

Арно ама, од неодамна, погребните домови почнаа да им даваат на семејствата можност да изнајмуваат ковчези за многу помала цена – дури помалку од 1.000 долари во некои случаи. Иако незамисливо за нашите простори, изнајмувањето ковчег да ти била многу едноставна работа.

Имено, кога ќе одлучите да испратите некого на вечните ловишта во изнајмен ковчег, едноставен внатрешен сад кој изгледа како дрвена кутија, всушност ќе го држи телото, кое во никој момент, всушност не стапува во контакт со изнајмениот ковчег. Оваа кутија е сместена во поголемиот, поскап ковчег кој е за гледање на оние кој дошле да се поздрават. По церемонијата, оваа внатрешна обвивка може лесно да се лизне или подигне од надворешниот ковчег во гробот за каде што е наменета.

Очекуваме нашите локални опортунисти и држачи на монополи да ја надградат оваа идеја и да ни пишат во редакција.

  
 

(314)

Вашиот коментар