Агент за продажба и маркетинг – Компјунет инженеринг

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 08/11/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

Компанијата Компјунет инженеринг е дистрибутер на производи и услуги од големи мултинационални компании како WAGO, Schneider electric, Hydac, Extech, MDT и други, како и изведувач и интегратор на софистицирани решенија од областа на Информатиката, Автоматиката, Електротехниката и Зградната автоматизација.

Обврски и одговорности:
· Унапредување на продажба согласно пазарните можности
· Посети и контакти на потенцијални клиенти,
Презентации на производи и услуги,
Разговори за потреби на клиенти,
Идентификација на потреби на клиенти и со помош на останати вработени изготвување соодветни понуди и решенија,
Учествo во изработка на маркетинг кампањи за производи, услуги и решенија и нивно спроведување преку посети, телефонски комуникации, социјални мрежи и други начини

Вештини и способности:
· Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи
· Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини, совесност
· Одговорност и предаденост на работата

 
 

Потребни квалификации:
· Познавање на англиски јазик
· Познавање на Windows и Microsoft office
· Поседување на возачка дозвола Б категорија

Работата е креативна, не шаблонска, овозможува пристап до најнови технологии во светот и контакт со голем број на лица и компании во земјата и регионот

(21)

  
 

Вашиот коментар