Електромашински Техничар – Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје

 
 

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 03/10/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон: 02/55 14 026

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна работна средина за пополнување на позицијата:

Оператор

Задачи и одговорности
1. Врши оперативно поврзување на процесите во одделението: мониторинг и управување со дистрибутивниот систем и прием и евиденција на рекламации и интервенции;
2. Извршува преслушување на телефонските јавувања, СМС и веб (мејл) пораките од корисниците, а по потреба и прием на рекламации на локалниот телефон или лично од странките;
3. Извршува прием и предавање на рекламација на извршител и евиденција на примената/предадената рекламација;
4. Ги евидентира завршените интервенции по јавување од извршителите на кои им е предадена рекламација;
5. Прави контрола на примените и предадени рекламации кон теренските извршители, на завршените и незавршени интервенции, на затворените објекти и слично;
6. Комуницира со потрошувачите, извршителите на терен и сервисите за внатрешна инсталација заради реализација на основните работни задачи во одделението;
7. Ја следи работата на дистрибутивниот систем и топлинските станици, врши подесување на режими на греење/редукција и читање на состојби на мерачи преку системот за мониторинг;
8. Извршува прием на информација за настанат/отстранет прекин во испорака на топлинска енергија на делови од системот (дефекти на топланите или затворени водови) и истата ја евидентира заради информирање на корисниците;
9. Извршува прием на информација за губење на вода од топланите и за поголеми течења на водови и информацијата ја предава на Сменскиот инженер и на одговорното лице од одделението за одржување на дистрибутивниот систем;
10. Врши испитување на загуби на вода преку мониторинг системот, со далечинско затварање на шахти и координација со монтери на терен;
11. По налог на претпоставениот работи и други работи кои се во рамките на неговата стручна квалификација;
12. Одговорен е за правилно користење на средствата за работа и известување до надлежните служби во случај на отказ на истите;
13. Работи во смени според месечниот распоред за работа, а во случај на потреба и прекувремено;
14. Управува службено моторно возило

Плата: 22 000 денари

Критериуми за избор
• Степен на образование –ССС-техничко образование
• Вработување на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време
• Со и без работно искуство
• Предност ќе имаат кандидатите со искуство од греење
• Возачка дозвола “Б” категорија
• Работно време 40 часови неделно
• Работникот ќе работи во смени (06-14; 14-22; 22-06)
• Основна нето плата – 22.000 денари

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:
Message to: [email protected]
Subject: Пријава: Оператор

По пошта:
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,
Ул. „Лондонска“ бр. 8 , 1000 Скопје
Пријава: Оператор

Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати – 45 дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени во предвид.

Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514-026.

(35)

Вашиот коментар