Македонија 2025 доделува бесплатни влезници на 10 студенти за претстојниот МК2025 Самит!

 
 

Искористете ја можноста да се стекнете со корисни знаења и нови контакти за напредок на кариерен план

Младинската перспектива и вклученост е секогаш добредојдена! Младите се клучни играчи при градењето на јавната свест за менување на одредени сегменти во општеството. Нивното присуство на настани од ваков карактер игра важна улога. Знаењето и контактите со кои тие би се стекнале можат да резултираат позитивно врз нивните можности за напредок на кариерен план, како и да пробудат инспирација и мотивација за нивно понатамошно активно ангажирање во градење на подобро општество.

По тој повод, Македонија2025 и оваа година доделува 10 бесплатни влезници за студенти на претстојниот Самит Македонија2025, кој ќе се одржи од 7-ми до 10-ти ноември во хотел Мериот – Скопје.

Доколку сте студент на државен/ приватен универзитет во Македонија, сѐ што треба да направите е да ни испратите кратка биографија, каде ќе бидат наведени вашите клучни искуства поврзани со образование/работа/пракса, како и мотивациско писмо (300-500 збора), кое ќе одговори на прашањето: „Придобивките од учество на Самитот Македонија2025“.

Кратката биографија и мотивациското писмо испратете ги на следниот мејл – [email protected], најдоцна до 15-ти октомври 2018.

Повеќе информации за Самитот Македонија2025 можете да најдете ТУКА.

(26)

Вашиот коментар