Маркетинг специјалист – РИФАМ ДОО

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 05/11/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

Ние сме РИФАМ ДОО – комбинираме долгогодишно искуство на регионалните фармацевтски пазари со иновативни решенија, со цел да им овозможиме на пациентите пристап до најквалитетните препарати.

Маркетинг Специјалист

Дали сте Маркетинг Специјалист кој активно бара можности за напредување во кариерата?

 
 

Ако сте активно заинтересирани за новите трендови и најдобрите практики во фармацевтската индустрија, ако сте одлични во управување со проекти и поседувате око за детали, го имаме совршеното работно место за Вас!

Бараме млад и амбициозен ентузијаст кој ќе му се придружи на нашиот тим и ќе ја преземе одговорноста за планирање/спроведување на маркетинг активности со цел за развивање и одржување на свесноста за нашите брендови, како и максимизирање на приходите.

Маркетинг Специјалистот кој го бараме треба да биде компетентен професионалец кој го сфаќа поведението на потрошувачите и генерира креативни идеи. Посебно, треба да биде добро запознаен со специјализираните маркетинг концепти, принципи и тактики во фармацијата.

Одговорности:
• Развој и спроведување на годишни планови за брендовите и производите на РИФАМ ДОО и нашите партнери;
• Брејнсторминг и развивање на идеи за креативни B2B и B2C кампањи;
• Асистирање при излезни или влезни активности преку демонстрирање експертиза во најразлични области (оптимизација и локализација на содржина, адвертајзинг, планирање и организирање на настани итн.);
• Развој на ATL и BTL маркетинг комуникациски материјали за различни целни групи;
• Одржување врски со надворешни продавачи со цел спроведување на промотивни настани и кампањи;
• Планирање и спроведување иницијативи за стигнување до целната публика преку соодветни канали (социјални медиуми, e-mail, радио, ТВ итн.);
• Анализирање на маркетинг податоци (резултати од кампањи, стапки на конверзија, сообраќај итн.) како помош за формулирање на идни маркетинг стратегии

  
 

Квалификации:
• Претходно искуство во улогата на маркетинг специјалист од најмалку 2 години, по можност барем 1 година во областа на фармацевтски маркетинг;
• Темелно разбирање за елементите на маркетинг (вклучувајќи традиционален и дигитален маркетинг како што е SEO/социјални медиуми итн.) и методите за истражување на пазарот;
• Солидни компјутерски вештини, вклучувајќи MS Office, маркетинг софтвер (Adobe Creative Suite & CRM) и апликации (Web analytics, Google Adwords etc.);
• Познавање на HTML, CSS и алатки за web development (на пр. Dreamweaver);
• Добра организација и посветување внимание на детали, аналитички вештини;
• Исклучителни вештини за комуникација, пишување и презентација;
• Флексибилност и прилагодливост, тимски дух;
• Претприемачки дух со креативен пристап, ориентираност кон резултати;
• Одлично владеење на англискиот јазик;
• BSc/BA од областа на маркетинг, комуникација или соодветно.

Ве молиме испратете насловно писмо и резиме на [email protected] најдоцна до 05.11.2018. Само мал број на избрани кандидати ќе бидат контактирани.

(55)

loading...

Вашиот коментар