Оператор – ПМКМ

 
 

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 06/10/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон:

За потребите на својот клиент – „ТГС Технички Гасови АД Скопје“, дел од групацијата SOL, која е една од најголемите Европски компании во секторот на технички и медицински гасови, ПМКМ објавува оглас за работната позиција:

Сменски оператор

Работните задачи вклучуваат:
• Потребни активности за водење на производниот процес во постројките за производство на технички гасови во кругот на Железара Скопје.
• Грижа за нормална и исправна работа на сите производни постројки и опрема.
• Задавање на параметри за производство согласно добиени налози.
• Контрола на производниот процес и детектирање на аномалии во однос на параметрите и соодветно реагирање.
• Постојана контрола на квалитетот на произведените гасови
• Следење на залихи
• Редовно водење евиденција.
• Навремено и совесно извршување на зададените работни задачи во согласност со пропишаните мерки за безбедност на работа

Квалификации:
• Минимум средна стручна спрема – техничка струка (4. Степен)
• Компјутерска писменост
• Толкување на техничка документација
• Работно искуство во индустрија ќе се смета за предност
• Возачка дозвола “Б” категорија

За компанијата:
„ТГС – Технички Гасови АД Скопје“ е компанија која се занимава со производство и трговија со технички и медицински гасови, како и транспорт, дистрибуција и продажба на медицински и технички гасови, дизајн и технички решенија, монтажа на инсталации за потрошувачка на гас и трговија со опрема и апаратура за користење на гас.

Долгогодишното постоење на пазарот, атрактивниот награден пакет, можностите за обуки, континуираната грижа за своите вработени, како и сигурноста која им ја дава оваа компанија, се само дел од факторите кои ја прават конкурентна и посакувана работна средина.

Доколку сметате дека одговарате на горенаведениот опис, а сте во потрага по стабилна компанија која нуди сигурност, Вашето CV испратете го на [email protected] со назнака „За Сменски оператор“.

Краен рок за доставување на апликациите е 06.10.2018г.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Јавувањето и контактирањето директно во фирмата ТГС ќе се смета за прекршување на процесот на аплицирање и регрутација и ќе ве дисквалификува од истиот.

(88)

Вашиот коментар