Повик до граѓанските организации за учество на настани за вмрежување

 
 

Младинскиот културен центар – Битола, во соработка со Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, распишува повик за граѓански организации и креатори на младински политики за учество на настани за вмрежување.

Во текот на октомври, ноември и декември годинава ќе се одржат три дводневни настани за вмрежување со вкупно 60 учесници. Настаните ќе бидат целодневни и ќе се одржат во Битола, пришто учесниците ќе може да разменуваат информации, ставови и добри практики, да се вмрежат и да овозможат понатамошна соработка.

Настаните се организираат во два дела: конференциски дел (панел дискусии, форум, тркалезна маса, презентација на добри практики и слично) и дел со „B2B“ (бизнис со бизнис средби за вмрежување) што ќе овозможи учесниците (граѓански организации, државни и јавни институции, локална самоуправа) да се запознаат и потенцијално да остварат соработка. Секој настан за вмрежување ќе се осврне на една носечка тема, по која 20 учесници ќе имаат можност да се информираат, да дискутираат и да воспостават нови врски за соработка.

Темите и термините за секој настан за вмрежување се следните:
1. Младите и образовните политики (25 – 26 октомври 2018)
2. Младинска невработеност (22 – 23 ноември 2018)
3. Младинска мобилност (20 – 21 декември 2018)

Вториот од трите настани за вмрежување на тема „Младите и политиките за вработување“ ќе овозможи учесниците да се запознаат со претстојните политики за вработување и процесите кои се водат, со посебен акцент на младинската гаранција. Дополнително, ќе се дискутира и по следните прашања:

– Колку политиките и мерките за вработување се насочени кон потребите на пазарот на труд, но и кон интересите на младите?

– Кои се приоритетните прашања од областа на вработувањето што се од интерес на младите луѓе и кои што државата треба да ги реши?

– Како да се поттикне културата на преземање ризик и иновација кај младите од страна на државата со цел подобрување на самовработливоста и конкурентноста на пазарот на трудот?

Настанот е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полето на младинската невработеност, креатори и спроведувачи на политики за вработување на национално и локално ниво, претприемачи корисници на мерките за вработување на млади и сл.

Краен рок за пријавување на овој втор настан е 15-ти ноември 2018 до 16.00ч.

Пријавување за настаните е возможно преку следниот линк http://goo.gl/ci3Smb. Контакт лице Мери Нашоку, телефон 075 468 651, е-пошта [email protected]

Само селектираните учесници ќе бидат контактирани за учество на настаните за вмрежување. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат.

Настаните за вмрежување се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

Напомена:
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на медиумот кој ја објавува.

Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади и Младински културен центар Битола. Овој ПР текст и неговата објава се подготвени со поддршка на Европската унија. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Европската унија.

(48)

Вашиот коментар