ПР менаџер – Агенција Рејтинг

 
 

Регион: Скопски
Краен рок за пријавување: 18/11/2018
Емаил: [email protected]
Контакт телефон: 070292683

Агенција Рејтинг вработува ПР менаџер!

Агенција Рејтинг има потреба од ПР менаџер со најмалку 3 години искуство во областа чија одговрност ќе биде создавање и одржување на позитивен јавен имиџ на клиентите и нивна максимална застапеност во медиумите. Потребно е одлично познавање на албанскиот и македонскиот јазик и способност за целосно комуницирање на содржините на македонски и албански јазик.

Работната позиција подразбира спроведување ПР стратегии и кампањи од почеток до крај. Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за политичка комуникација, како и редовно да ги следи политичките случувања во земјата и светот. Неопходни се одлични способности за пишување, комуникација преку социјални мрежи, деск истражување и организација.

Позицијата овозможува одлични услови, шанса за унапредување во компанијата и можност да се соработува со истакнати клиенти и експерти од областа. Врвно искуство за секоја амбициозна и посветена личност која има мотив вистински да се усоврши и да напрадува во светот на ПР-от и политичката комуникација.

Одговорности:
• Пишување материјали за различни комуникациски канали и обезбедување на пласмани во печатени,традиционални и онлајн медиуми;
• Одговарање на новинарски прашања, пишување говори, организирање настани и прес конференции.
• Постојано следење на медиумите и политичките случувања;
• Справување се негативен публицитет и итно реагирање во кризни ситуации;
• Менаџирање на ПР тим;
• Секојдневна координација и комуникација со клиенти;
• Организирање и спроведување на настани, кампањи и поврзани активности;
• Преведување на содржините осмислени од тимот од македонски на албански јазик

Кандидатот треба:
• Да има најмалку 3 години работно искуство како ПР менаџер или да работел на слична позиција;
• Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во политичката, социјалната и економската сфера;
• Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
• Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
• Одлично да ги познава македонскиот, албанскиот и албанскио јазик;
• Да има око за детаљи и аналитика.

Работно време е од 9 до 17, но ПР-от како професија бара флексибилност и достапност. Заинтересираните кандидати да испратат резиме на [email protected]

(33)

Вашиот коментар