Развод. Работа. Патување. Семејство. Многубројни се причините поради кои вашиот сексуален живот може да страда. Некои работи кои ви се „закануваат“ без секс се:
Мажи, поголеми ви се шансите за развој на рак на простата. Мажите кои апстинираат од секс ја пропуштаат заштитата која честата „употреба“ на простата ја пружа. Истражувањата покажале дека мажите кои често практикуваат секс имаат 20 отсто помали шанси за развој на рак на простатата. Причината е веројатна таа што во текот на ејакулацијата од простатата се отстрануваат потенцијално штетните материи.
Ослабен имунолошките систем. Недостатокот на сексуални активности може да го ослаби имунолошкиот систем. Лицата кои два пати неделно уживаат во сексот, уживаат и во 30 отсто зголеменото отпуштање на имуноглубинот (ИгА), кој е првата линија во одбраната на организмот од вирусите.
Мажи, ви се заканува еректилна дисфункција. Мажите кои мошне ретко водат љубов имаат двојно поголеми шанси да доживеат еректилна дисфункција, се наведува во најновото истражување. Со оглед на тоа што пенисот е мускул, редовниот секс може да одржува силна ерекција, токму како што вежбањето може да ги одржува мускулите силни.
(139)