Аниматор го одржува сеќавањето за неговата покојна сопруга преку неверојатни илустрации

 
 

На неговиот 54-ти роденден, телевизискиот режисер за анимации Гери Ендрус започнал „Дневник со чкртаници“. Овој проект е навистина едноставен, но се покажал како многу моќен изминатата година – тој ги забележувал неговите денови со мали илустрации.

Љубов. Засекогаш.

Кога прв пат го почнал проектот, Гери често го прикажувал неговиот живот како човек во среќен брак кој ужива со неговата сопруга Џои и нивните две деца. Но, сега приказната е поразлична. Џои починала на 27-ми октомври 2017-та година од сепса. Тогаш Гери бил на патување и не можел да се збогува со жена му пред да умре.

Безбедно патување, моја Божице. Засекогаш во моето срце.

Со нејзината смрт, „Дневникот со чкртаници“ се променил преку ноќ. Иако Гери не нацртал ништо ноќта кога починала жена му, му се вратил на дневникот следниот ден. Тој го користел дневникот за да ги покаже неговите чувства и емоции.

„Плачев толку многу што беше тешко да се фокусирам на страницата. Цртав во солзи.“

„Еве поема за мама… Розите се црвени. Темјанушките се сини. Посакував да не си мртва, а ти?“

Цртежите по семејната трагедија го прикажуваат Гери како вдовец. Тие ја прикажуваат неговата тага и неговото прилагодување на животот како самохран татко. Овие цртежи се моќен потсетник дека без разлика на сè, животот продолжува понатаму.

Утеха од 10-годишната ќерка додека плачам… Никогаш не сум бил погорд.

Се навикнувам на мојот нов живот како вдовец веќе една недела и ако некој некогаш ми каже дека на мајките домаќинки им е лесно… ќе го удрам во лицето…

Да се биде социјална секретарка на децата е работа со полно работно време.

Моја драга девојко… Сè уште ми недостасуваш повеќе од што можам да кажам… и сепак се чувствувам благословено. Неверојатна работа. Фантастични пријатели. Прекрасно хоби… И 2 убави деца кои ме прават толку горд. На толку многу им е полошо од мене. Знам дека би разбрала како се чувствувам.

Потсетник до себе: Не го барај видеото старо 20 години од твојата покојна сопруга како ја пее „On My Own“ кога има само 22 години ако не сакаш да полудиш.

Мирува. Засекогаш сакана. Секогаш ќе ни недостасува.

Шест месеци денес. Тешко е да се поверува. Се случија толку многу работи… Имам толку многу да ти кажам. Сепак, би дал сè за да те имам покрај мене.

(56)

Вашиот коментар