Ви нудиме пет природни начини како да го подобрите вашето либидо

 
 

Ако во последно време немате преголема желба за секс иако помеѓу вашиот партнер и вас се е во ред и тоа ве мачи, земете ги работите во свои раце и поработете на засилување на либидото.

Сексуалната желба односно либидотот е тесно поврзано и со нашата психофизичка состојба и моменталното задоволство во врската, но секако може да биде и влијание на физичките фактори. Затоа ви нудиме неколку предлози како едноставно и со природни механизми да го засилите либидото и да се чувствувате секси и неодоливо.

Сончеви зраци
Да, да, така е едноставно. Ако е убав и сончев денот, ви предлагаме прошетка на сонце. Сончевите зраци се еден од најдобрите начини за будење на сексуалната желба бидејќи поттикнуваат производство на витаминот Д и го збогатуваат телото со енергија, а тоа е клучна работа за здраво либидо. Пинеалната жлезда, која се наоѓа длабоко во нашиот мозок, енергија добива преку светлина и така го лачи хормонот на среќа – серотонин кој влијае на нашето здравје.

Храна која му годи на либидото
Бананите имаат многу витамин Б кој ќе ви ја даде потребната доза на енергија. Авокадото содржи фолна киселина која ќе влијае поддеднакво како витаминот Б и че ви даде енергија и издржливост. Јаткастите плодови, особено оревите и бадемите изобилуваат со масни киселини па се помеѓу останатотот добри за подобро производство на хромоните. Јајцата како и јаткастите плодови помагаат хормоните да бидат во баласнс бидејќи ги имаат витамините Б5 и Б6.

Возење со велосипед
Освен што е ова едноставна, лесна и бесплатна активност може да поттикне самодоверба и да го подобри физичкиот изглед, а може да ви помогне и при зголемување на сексипилноста. Редовното возење на велосипед овозможува и поздрав кардиоваскуларен состав што е клучно за поголемо либидо.

Кегелова вежба
Поволностите од редовното изведување на овие вежби се бројни. На жените им е олеснето постигнувањето на оргазам и го засилуваат неговиот интензитет, ја намалуваат можноста од вагиналното пукање при породувањето и бројни останати поволности. Кај мажите, Кегеловите вежби носат контрола на оргазмот, помагаат кај прераната ејакулација и зголемувањето на интензитетот на ерекцијата. Нивното изведување е многу едноставно и обалта пола го изведуваат на ист начин. Лоцирајте го мускулот со кој го контролирате мокрењето и потоа притиснете го. Контракцијата задржува 4 до 5 секунди па опуштете го мускулот на 3 секунди. Повторувајте ги вежбите 15 пари и така 3 пати дневно. Кегеловите вежби се добри за либидото, а вашите фит вагинални мускули ќе допринесе за уживањето.

Јога
Вежбањето јога го подобрува протокот на енергија во телото, го прави флексибилно, ја зголемува сексуалната желба и овозможува подобар проток на крвта. Јогата го прави телото подобро балансирано. Подобрата циркулација значи повеќе крв во гениталиите, додека повеќе кислород во крвта што воедно го осигурува добриот фокус. Да не споменуваме какви се предностте во водењето љубов…

(207)

Вашиот коментар