„Вратата на рајот“: Точка на телото која ќе ве ослободи од многу болки

 
 

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболка, проблеми со варењето, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути, и тоа само со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава, која поголемиот дел од нас секојдневно ја доживуваат. Покрај нервозата постојат и други бројни физички симптоми како главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и пречки во системот за варење.

Кинеска метода за лекување позната како аупресура, објаснува дека на човековото тело постојат одредени анти стрес точки, со чија стимулацијата телото го отпушта и ослободува стресот.

Една таква точка се вика Шен Мен, што во слободен превод значи „врата на рајот“.

Со допирањето на оваа антистрес точка се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот. Точката се наоѓа во внатрешниот горен дел на увото, а со масирање таа станува активна.

Еве како со масажа на точката Шен Мен да ги опуштите телото и духот:

– Со чепкалка за уши притиснете ја точката и нежно масирајте.

– Дишете полека и длабоко.

– Додека дишете гледајте на левата, а додека издишувате на десната страна, но без да ја вртите главата.

– Постепено ќе почувствувате како вашето тело се опушта, а симптомите на стрес се намалуваат.

Совети:

– Точката можете да ја масирате и со врвовите на прстите.

– Масирајте ја точката секогаш кога ќе почувствувате дека сте под голем стрес.

– Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.

(322)

Вашиот коментар