Дали кафето навистина може да ве отрезни?

Резултатите од ново истражување покажуваат дека комбинацијата од кафе и алкохол е многу штетна за организмот, пишува CCN.

Кафето е стимулант кој го буди организмот и го прави свесен за околните работи, додека алкохолот помага за ослободување на допамин. Но, алкохолот исто така го стимулира и производството на хемикалијата GABA која делува како седатив. Затоа луѓето под дејство на алкохол често се чувствуваат уморно и паѓаат.

„Јас ја нарекувам комбинацијата „совршена бура“, вели д-р Мери Клер О’Брајан од Медицинското училиште Вејк Форест, која ја истражуваше интеракцијата меѓу кофеинот и алкохолот.

„Кога консумирате кафе стекнувате чувство дека ве отрезнува бидејќи се чувствувате пофокусирани, но алкохолот и натаму делува на ист начин. Затоа делувањето на овие два напитоци се меша и тоа може да предизвика многу лоши последици“, вели Мелиса Мајумдар од Академијата за нутриционизам и диета.

 
 

Според експертите, најдобар начин за отрезнување е да оставите алкохолот природно самиот да се отстрани од организмот.

Времето за трезнење е различно за секого, а научниците тврдат дека за трезнење од еден пијалак е потребно еден час. Ако сте испиле 5 пијалаци ќе бидат потребни пет часа за да се отрезните.

(63)

  
 

Вашиот коментар