Дали можете да препознаете социопат?

 
 

Дон Дрејпер од серијата „Mad Man“ и Френк Андервуд од „House of Cards“ се шармантни, манипулативни луѓе кои се целосно лишени од општествена свест и ги искористуваат другите за лична корист. Сo еден збор, тие се – социопати.

Социопати се луѓе кои имаат антисоцијално пореметување на личноста, во поблага или потешка форма. Тие не се психички болни, но кај нив често изостанува чувството на вина, каење или сочувство.

Ова пореметување може да го дијагностицираат експерти за ментално здравје како психијатри, психолози или социјални работници. Пред поставувањето на дијагнозата се земаат предвид многу фактори, како семејна историја, околината, однесување во детството, но и можноста тоа да се симптоми на други заболувања како шизофренија или биполарно растројство, вели Холи Крисп-Хан, професорка на Медицинскиот факултет Бејлор во Хјустон, која идентификува 13 заеднички особини по кои ќе ги препознаете социопатите.

1. Занемарување на општествените норми

2. Криминално однесување и проблеми со законот

3. Ароганција

4. Измами, како претерано лажење и користење псевдоними

5. Користење на другите за лична добивка или задоволство

6. Импулсивност и неуспех во планирањето

7. Раздразливост, вознемиреност, непријателска настроеност

8. Агресивност, како склоност кон тепање

9. Злоставување во односите со партнерите

10. Неможност да извлечат поука од ситуации со негативни последици

11. Безобѕирно занемарување на сопствената безбедност

12. Неможност да задржат работно место или да ги исполнат своите финансиски обврски

13. Немање чувство на каење

Дали социопатите може да се сменат?

Накратко: најверојатно не. Експертите велат дека има многу мали шанси за лечење на антисоцијалните пореметувања на личноста, тие комплексни ментални состојби за кои знаеме многу малку. Најголемиот проблем е што може да се идентификува некаква шема на однесување, но не и да се открие што го предизвикува тоа, ниту како да се лекува.

Со оглед на тоа дека социопатите не се свесни за своето пореметување, тие самите можеби би побарале помош за одредени симптоми како тегоби или депресија, или за проблемите што се јавуваат како последица на нивното однесување, како злоупотреба на дрога и слично.

(80)

Вашиот коментар