Не е тајна дека жените и мажите имаат потполно поинакви критериуми кога е во прашање физичката привлечност.
Според едно истражување, изгледот на мажите не им е најважен на жените при изборот на партнер, туку постојат две карактеристики што влијаат на машката привлечност.
Се работи за гласот и мирисот. Мажот може да изгледа како еден од најпосакуваните холивудски актери, но тоа честопати не е доволно за да го забележат жените. Меѓутоа, во моментот кога ќе прозбори, тоа може да промени сè.
Мирисот е другата карактеристика што игра важна улога кај привлечноста на мажите. Истражувачите откриле дека луѓето со векови се препознаваат меѓу себе врз основа на мирисот, а мажите кои убави мирисаат будат пријатни емоции кај жените.
Овие две карактеристики влијаат многу повеќе врз жените за разлика од физичкиот изглед на мажите.
(112)