Диета според конституцијата на вашето тело

 
 

Јаболка, круша или песочен часовник? Секоја жена спаѓа во една од овие категории, а според тоа би требало да си ја одреди и идеалната исхрана: онаа која ќе ја засити, а притоа нема да ја здебели.

Секој од нас има различен облик на телото, но познато е дека конституцијата во повеќето случаи ја наследуваме од своите родители.

На пример, бојата на очите никогаш не се менува, додека обликот на телото е подложен на промени, зависно од начинот на живот, исхраната, физичките активности и нормално – годините.

Дали знаете дека Вашиот облик на тело открива која храна ја преферирате, т.е. кои хранителни материи највеќе ги внесувате во организмот?

За да ги намалите наголемените килограми за секој тип е потребна различна диета.

Дознајте во која група припаѓате и која исхрана најдобро одговара на Вашата градба, за да немате проблеми со насобирање на масни наслаги.


Конституција во вид на круша

Славни лица кои имаат ваков облик на телото се Џенифер Лопез и Бритни Спирс. Повеќето жени од оваа група имаат тесни рамена, симетричен врат и широки колкови.

Најпроблематичен дел им е половината бидејќи од неа најтешко ги симнуваат масните наслаги. Често се борат и со целулитот на нозете. Зимурливи се и мрзеливи за вежбање, а и имаат низок крвен притисок (хипотоничари).

На жените со оваа конституција им се препорачува аеробик и нежни ритмични вежби со кои би ги зацврснале своите мускули.

Најдобро би било да конзумираат лесна храна, на пример, медитеранска бидејќи со таков начин на исхрана, најлесно е да се намали вишокот на килограмите. Се препорачува и свежо овошје, зеленчук и салати. Од друга страна, не треба премногу да конзумираат тестенини бидејќи тоа би предизвикало контра-ефект.

Доколку имате ваков облик на телото, задолжително појадувајте наутро, ручајте помеѓу 12 и 14 часот, а вечерајте нешто лесно помеѓу 18 и 20 часот.

Конституција во вид на јаболко

Широки рамена и тесна карлица е главното одбележје на овој тип на конституција. Жените имаат слаби нозе, мал задник, изразени гради и широка половина.

Прилично се високи и кај нив дебелината создава одредени здравствени проблеми. Од славните лица, ваква конституција имаат Кејт Хадсон и Ева Лонгорија.

Витките девојки со ваков тип на конституција, брзо ги трошат калориите без разлика колку и да внесат со храната.

Нивните органи работат со “полна пареа”, па имаат вишок на енергија и ретко се заморуваат.

Но, ако јадат премногу доаѓа до промена на метаболизмот и тие добиваат облик на јаболка. Тогаш треба да земаат повеќе протеини, а внесот на јаглените хидрати треба да се намали на минимум. Значи, тестенини, легуминози – треба да се избегнуваат, а треба да се кознумира што повеќе млечни производи и сите видови на месо. Добро е да не се мешаат намирниците, туку да се зема само еден вид на храна, на пример, да се избегнува комбинација на месо и сирење.

Пожелно е да се избегнуваат грицките.

Конституција во форма на песочен часовник

Од познатите лица, ваква конституција имаат Кетрин Зета Џонс и Рене Зелвегер. Кај нив неправилната исхрана предизвикува насобирање на масни наслаги во горниот дел на телото. Повеќето од жените имаат класични женствени облини. Рамената и колковите се пропорционални. Од исхраната треба да внесуваат лесни протеини – “light-proteins”, многу риба, пилешко месо, а може да си допуштат и чоколада. Исто така се препорачува ‘ржан леб, зеленчук и супи.

Заклучок:

За крај како заклучок, е очигледно дека: најдобра комбинација на исхрана е онаа која им се препорачува на жените кои имаат облик на телото во вид на круша или јаболка.

На овие девојки и жени, појадокот треба да им претставува најважен оброк.

Важно е да се внесуваат доволно белковини, протеини, јаглени хидрати и витамини.

(302)

Вашиот коментар