Дознајте какви жени ги привлекуваат мажите на прв поглед

 
 

Секоја жена сака да остави што подобар впечаток кога сака да го освои мажот кој и’ се допаѓа. Сега научниците откриле што најмногу го привлекува спротивниот пол на прв поглед.

Едно неодамнешно истражување настојувало да дојде до одговор што точно ги привлекува мажите.

За да дојдат до резултати, научниците им покажувале на група мажи фотографии од разни жени, а тие требале да оценат колку им се привлечни девојките на фотографиите.

Тенките и „ранливи“ жени, како што се оние со низок раст и послаба фигура, не ги сметале за претерано привлечни.

Од друга страна, психичката ранливост ја навеле како пожелна, односно жените кои се однесувале детинесто и по малку глупави, добиле значително подобри оценки.

Жените кои делувале интелигентно, силно и самоуверено добивале многу пониски оценки.

Кога научниците ги прашале испитаниците дали би биле во сериозна врска со детинести и помалку интелигентни жени, интересот за нив значително паднал.

Може да се заклучи дека моменталната ранливост кај жените е клучна за активирање на психолошкиот механизам кај мажите поврзан со сексуалното искористување.

Ако се надевате на сериозна врска, не плашете се да го шармирате со вашите атрибути.

(281)

Вашиот коментар