Ефикасни начини за потиснување на апетитот

 
 

Калорискиот дефицит, односно внесувањето помалку калории од дневната потрошувачка, во текот на подолг период може да биде исклучително тежок, особено ментално.

Борбата со желбата за одредени продукти, ама и со поголемиот калориски внес понекогаш е огромна борба и убедување на самиот себе дека повеќе храна или она по кое чезнеете всушност не ви е потребно.

За среќа, постојат неколку научно потврдени петоди со помош на кои може да се потисне апетитот и желбата за извесна храна:

Влакната и обемот на храната

Човечкиот организам природно произведува низа различни пептиди и хормони кои го намалуваат чувството на глад.

Една класа рецептори, наречена механорецптори, се наоѓа во желудниот и во цревата и, всушност, не ги активира некоја специфична молекула, туку истегнувањето на ткивото. Имено, тоа значи дека ширењето на желудникот ќе резултира со потиснување на апетитот, независно од причинителот на експанзијата.

Внесот на нискокалорична храна која резултира со полнење на цревата е добар начин да го ограничите внесот на калории, истовремено потиснувајќи го нагонот да јадете повеќе. Додека зеленчукот со висок процент на вода се намалува по консумацијата, храната со висок количество раствроливи влакна ќе се „желира“ и ќе се зголеми во желудникот. Зеленчукот со многу целулоза и несварливите јагленихидрати, исто така ќе резултираат со зголемена цревна маса.

Ослободување на стресот

Емоционалното прејадување е чест симптом на стресот и може значително да го оневозможи топењето на килограми. Бидејќи емоционалното прејадување не е резултат на реална физичка глад, тоа не може ни да се контролира со споменатиот внес на храна.

Најдобар начин во борбата против емоциоалното прејадување е борбата против причинителите на стресот. Иако не постои општо решение кое на сите ќе им помогне во намалувањето или во подоброто излегување на крај со стресот, одржувањето редовно и доволно спиење како и грижа за здравата и однапред планирана исхрана во голема мера ќе помогнат во борбата против стресот.

Додатоци на исхраната

Адреналинот е исто така еден начин за намалување на апетитот. Кога организмот е возбуден, крвта се пренасочува системот за варење и се подготвува за борба или реакција. Истото ова дејство го имаат додатоците на исхраната кои го зголемуваат лачењето на адреналинот, а нивната мала доза помага во намалувањето на чувството на глад. Но, имајте на ум, преголеми дози можат да предизвикаат мачнина и повраќање.

На пример, луѓето кои не се навикнати на кофеин, можат наутро да испијата кафе за да го намалат чувството на глад. Но, оваа стратегија нема да биде делотворна кај лицата кои редовно пијат кафе и кај кои кофеинот веќе нема ваков ефект. Со други, појаки стимуланси треба да се биде внимателен бидејќи можат да го загрозат.

За да се ослободите од вишокот килограми морате да бидете упорни, истрајни и трпеливи. Ниту едно решение или помошно средство нема да ви помогне во тоа, ако не сте донеле цврста одлука редовно да вежбате и доволно да спиете придржувајќи се до здрав начин на исхрана.

(35)

Вашиот коментар