За сите кои многу седат: Со една вежба за истегнување, исчезнува болката во грбот

 
 

Многумина голем дел од времето го поминуваат седејќи, особено поради природата на работата со која се занимаваат и малку можеме да направиме за да го промениме тоа.

Но, без физичка активност, нашето тело станува помалку подвижно и почнува полека да ја акумулира непотребната маснотија. Сето тоа со себе носи и сериозни здравствени проблеми, и затоа треба да се потруите да одвојувате време барем за полесни вежби.

Денеска ви претставуваме едноставна вежба, која ја препорачува Тамајо, јапонски екперт за ослабнување.

Во прашање е вежба за истегнување, која помага да се активираат стомачните и грбните мускули, кои со затегнување ги зајакнуваме. Покрај тоа, оваа вежба активно делува и на внатрешната страна на нозете. Вежбата е навистина неверојатна.

Како се изведува вежбата: 

Стоиме со широко отворени нозе, со стопалата нанадвор. Прстите на нозете и колената се свртени во иста наска. Нозете свиткајте ги во колена. За одржување на рамнотежа, ставете ги рацете на нив. Сега започнете со изведување на вежбата – прво навалете се нанапред, вртејќи го десното рамо налево и навнатре, а левото рамо треба да оди наназад.

Треба да почувствувате како се истегнуваат мускулите кај колковите, струкот и грбот. Задржете се во оваа позиција 3 секунди, па завртете се во првобитната положба. Повторете го истото и на другата страна.

Движењата треба да ги правите полека и внимателно, а постојано треба да чувствувате напнатост во мускулите. Вежбата правете ја 2 пати дневно по 10 пати.

После 2-3 недели редовно вежбање, ќе забележите како болката полека се намалува, а само после неколку дена ќе забележите дека грбот ви е поподвижен.

За сите оние кои многу време поминуваат седејќи, оваа вежба е навистина незаменлива.

(122)

Вашиот коментар