Зошто е потешко да се воспитуваат машките деца?

 
 

Сè уште постои верувањето дека синовите треба помалку да се галат и дека од нив треба да се очекува да бидат посилни, да не плачат, да бидат борбени и силни. Но, науката не мисли така.

Нова студија открива дека машките деца во првите години од животот треба да бидат третирани со повеќе нежност и емоции отколку што им е потребно на девојчињата. Познатиот невропсихолог Алан Шор го претстави новото истражување кое покажува дека десната хемисфера на мозокот поспоро се развива кај машките деца отколку кај девојчињата. Тоа значи дека момчињата се помалку чувствителни на звуци и на личностите кои ги опкружуваат, што значи дека можат да изгледаат „потешки“. За нив е потешко да го толерираат стресот и помлаку се отпорни на невропсихијатриски нарушувања.

Затоа, машките деца кои имаат построги мајки, а од мали се воспитувани без многу емоции, стануваат анксиозни што влијае на формирањето на невронските врски во мозокот, одговорни за самоконтрола и социјализација. Лекот за тоа е нежна и цврста врска меѓу мајката и синот, базирана на разбирање, исполнување на потребите на детето за љубов и блискост.

Ова особено има големо влијание на развојот на мозокот во првата година од животот.

Кои совети ги дава Шор за одгледување на машките деца?

1. Нераздвојување на синовите од мајките по раѓање

Раздвојувањето по пораѓајот предизвикува стрес кај сите деца, но кај момчињата е тоа особено важно бидејќи кај нив се забележува нагло растење на хормонот на стрес. Ако бидат подолго време раздвоени тоа ниво се одржува во организамот и може негативно да влијае на развојот на мозокот кај детето.

2. Минете го целото породилно отсуство покрај детето

Или најмалку до првиот роденден, во овој период се најчувствителни.

3. Не бидете строги кон нив

Особено не во првата година од животот, бидете стрпливи и нежни, бидејќи добро ги забележуваат негативните емоции. Дозволете им да плачат и не ги посрамотувајте поради тоа. Не ги оставајте сами расплакани, тогаш страдаат и потребна им е потврда дека се вредни за сакање. Често бакнувајте ги, потребни им се прегратки и галење.

(217)

Вашиот коментар