Зошто луѓето често разговараат сами со себе?

 
 

Егоцентричниот говор е присутен уште во раната возраст. Прво се сметаше за феномен кој поминува, и дека само егоцентричните деца зборуваат сами со себе. Сепак, со текот на времето овие теории почнаа да се менуваат.

Се дојде до заклучок дека овој говор ја има својата функција и дека со текот на времето не исчезнува. Разговор со себе е важен феномен преку кој детето ги користи зборовите за да командува и да размислува подобро.

Се работи за процес на внатрешен дијалог, односно пренесување на дијалогот како општествена категорија во внатрешниот план.

Кога станува збор за зрели луѓе, ова се смета за одраз на силни, интензивни емоции.

Zosto lugeto cesto razgovaraat sami so sebe 02

Многу возбудени луѓе честопати зборуваат сами со себе. Ова се забележува и кога луѓето се радосни, лути, загрижени и кога пцујат.

Светската наука му посвети големо внимание на овој феномен, а тоа го докажуваат бројните истражувања. Според нив постојат многу позитивни придобивки.

На пример, кога ќе го слушнете зборот „чаша”, полесно ќе ја визуализирате истата и полесно ќе ја пронајдете во собата.

Резултатите покажаа и дека луѓето кои за време на интроспекција зборуваат за себе во трето лице, а не во прво, имаат подобра способност за дистанцирање , полесно можат да го регулираат стресот и оставаат подобар прв впечаток.

(69)

Вашиот коментар