Зошто треба да почнете да ги сушите стапалата со фен за коса?

 
 

Ако имате проблеми со појава на габични инфекции или пак, со атлетско стапало, тогаш дојдовте на вистинското место!

Сушењето на стапалата со пешкир понекогаш не е доволно, и влажноста што останува може да предизвика појава на разни видови габични и други инфекции на стапалата и ноктите. Па, доколку имате предиспозиција за овие здравствени проблеми, тогаш почнете да ги сушите со фен за коса и стапалата, веднаш по излегувањето од туш.

Најпрво застанете на чист пешкир, и потоа со средна топлина исушете ги стапалата, особено обрнувајќи внимание на областа меѓу прстите. Исто така немојте да ги занемарите аглите околу ноктите и областа под нив. На овие места најмногу се задржува влажноста и поради тоа се идеални за масивно размножување на габите.

Оваа техника е идеална за спречување на појава на габите, бидејќи нема да дозволите да има ниту едно влажно место на вашите стапала. Тоа ретко може да се постигне со само едноставно бришење со пешкир, бидејќи во овие ситуации, потребно е и до 30 минути да се исуши секоја капка вода од нив.

Дури и да немате проблем со габите, оваа навика е одлична за да се погрижите дека никогаш нема да го развиете тој проблем. Од друга страна пак, сувите нозе се и многу похигиенски бидејќи потешко се лепат нечистотии на нив. Па, големи се шансите дека оваа навика може да ви помогне и да го подобрите вашето општо здравје.

(179)

Вашиот коментар