Исповед на мајка која го дои 4 годишниот син: “Ме нарекуваат педофил поради тоа”

 
 

Мајката која го дои својот 4 годишен син со аутизам открила дека луѓето ја нарекуваат педофил

Јакали Ди Рома, 31 годишна мајка на две деца од Велс, на социјалните мрежи сподели повеќе фотографии на кои го дои синот Ханс во различни позиции, но поради нив стана предмет на Интернет злоставување.

На една од фотографиите, Јакали го држи Ханс со едната рака, а со другата едно месечниот Ривер. И додека нејзините фанови ја фалат за нејзините фотографии, на профилот се појавија и многубројни “тролови” кои ја нарекуваат одвратна.

“Ме нарекуваат педофил поради доењето на синот”, рекла таа.

“Ми рекоа и да учествувам во детска порнографија, бидејќи сметаат дека доењето на дете на негова возраст е одвратно и вонземирувачко”.

И покрај негативните коментари на троловите кои ја нарекуваат со различни имиња, фотографката си дала цел да го “нормализира доењето” и не планира да застане сè додека нејзините синови не се подготвени.

“Доењето за мене е многу посебно, создаде нераскинлива врска која можам да ја споделам со своите деца”, рекла таа.

“Ханс е аутистичен и доењето е нешто што најмногу го смирува. Се чувствува безбедно. Ништо друго не е ниту малку блиску да го смири како кога го дојам. Тоа е најнормалната работа на светот, треба да биде нормално, дури и да се слави. Не е лесно, всушност е многу тешко, исцрпувачки и може да биде болно, но секоја жртва е сосема вредна”.

За негативните реакции вели дека можат да влијаат многу негативно, но се обидува да не допрат до неа. “Знам дека го правам најдоброто за моите деца и ќе продолжам. Споделувам фотографии за да помогнам да го нормализирам доењето, нешто што е сосема природно”.

Таа вели дека јавно ги поддржува и поттикнува сите мајки кои го прават истото: “Зграпчете ги моментите додека можете, уживајте во секој момент кога ги доите своите деца”.

(204)

Вашиот коментар