Истражување: Колку треба да трае денот за жените да ги завршат сите обврски?

 
 

Научниците дошле до заклучок дека на денешните жени им е потребен ден кој ќе трае 28 часа, за да ги завршат сите обврски.

Шест од десет жени рекле дека им е потребен подолг ден, и тоа за 3 часа и 36 минути. На тој начин би успеале да ги завршат сите работни и семејни обврски, а исто така и социјалниот живот да не им биде запоставен.

Половина од жените кои учествувале во ова истражување, односно 2.000 од нив, рекле дека ги жртвуваат часовите кои се предвидени за спиење, за да можат да исполнат некое лично задоволство, како што е вежбањето или дружбата.

Како што пренесува порталот „The Sun“, тоа значи дека многу жени спијат само по шест часа, наместо препорачаните осум.

Жените кои работат, работното време воглавно им е од 9 до 17 часот, а голем број рекле дека не се случува да излезат од работа пред 19 часот.

Половина од жените изјавиле дека стануваат пред шест часот наутро, а не легнуваат да спијат пред полноќ.

Сето ова предизвикува состојби како што се заморот, проблеми со концентрација, подочници и заморна кожа.

Жените кои биле дел од ова истражување, изјавиле дека доколку има ден кој трае 28 часа, повеќе би се дружеле со пријателите и партнерот, би се посветиле на готвење и пробување нови рецепти и би поминувале подолго време вежбајќи.

(55)

Вашиот коментар