Како да препознаете лажен накит по цена на оригинал?

 
 

Неретко се случува да се обидат да ви продадат лажен и евтин накит по цена на оригинал, па следен пат кога ќе се најдете во таква ситуација, сетете се на овие 12 трикови и совети.

Како најлесно да исчистите златен накит?

Ова се неколку едноставни средства за чистење златен накит со кои ќе му го вратите стариот сјај:

Прашок за перење

Едно од најефикасните средства за чистење златен накит е обичен прашок за перење. Во топла вода ставете неколку лажички прашок за перење и оставете го накитот да стои во растворот еден час. Потоа само избришете го со сува чиста памучна крпа.

Оцет

Алкохолниот оцет подеднакво добро чисти накит од бело и жолто злато. Во длабок сад ставете го оцетот и внатре потоа ставете го накитот. Нека отстои 15 минути па избришете го со сува крпа.

Пиво

На сува памучна крпа ставете неколку капки пиво и со неа исполирајте го златниот накит, а потоа измијте го со млака вода и повторно исушете го со крпа.

(349)

Вашиот коментар