Како да проверите дали медот е вистински?

 
 

Медот е вредна состојка во нашата кујна.

Меѓутоа, лесно можете да станете жртва на измама и да купите лажен мед наместо оригинален. За да заработат пари, многу производители користат шекер и разни адитиви за да направат „вештачки мед“ кој со својот изглед и боја изгледа како и природниот.

Како да проверите дали медот е вистински, бидејќи само користењето на вистински мед го снабдува организмот со сите корисни состојки.

Тежина на медот

Високо квалитетен мед тежи повеќе. Во литарска тегла би требало да има повеќе од 1,4 килограми.

Тест со кристализација

Кристализацијата на медот е природен процес, не го менува вкусот и здравите состојки. Ако после три месеци од полнењето во стаклени тегли (датумот може да се најде на етикетата) не започнал да се кристализира, најверојатно е загреван и ги изгубил своите вредни својства.

Тест со растворање

Истурете лажичка мед во чаша ладна вода. Ако се раствори нерамномерно, создавајќи ленти во водата, медот е со добар квалитет.

Тест со молив

Ставете капка мед на раката и допрете го врвот на меко пенкало – фломастер. Ако медот ја промени бојата, не е вистински.

(306)

Вашиот коментар