Како изгледаат совршената жена и совршениот маж, според науката

 
 

Тим експерти од компанијата „Men’s Pharmacy“ направија фотографии од совршените маж и жена, комбинирајќи ја структурата на лицето на некои од најпривлечните славни личности, пишува Daily Mail.

Истражувачите ги проучувале фотографиите од славните мажи кои се сметаат за најпривлечни за жените и комбинирајќи ги нивните црти на лицето, креирале слика на совршен маж. Истото го направиле и за совршената жена.

Во истражувањето се ориентирале според резултатите од две анкети на Glamour и Ranker, во кои читателите гласале за тоа кои од славните личности ги сметаат за совршени.

Според гласовите, совршениот маж е комбинација од тројца актери. Тој ја има косата на Ејдан Тарнер, очите на Том Харди и вилицата на Крис Хемсворт.

Совршената жена е комбинација од Кејт Аптон, Скарлет Јохансон и Александра Дедарио.

„Секоја година луѓето дискутираат за тоа кои се најсекси луѓе на планетата, па одлучивме со помош на науката и технологијата да ја решиме дилемата“, велат од „Men’s Pharmacy“.

(39)

Вашиот коментар