Кои се најстрасните мажи во зодијакот?

Овие мажи важат за најстрасни меѓу другите хороскопски знаци. Ако вашиот партнер спаѓа во нив, бидете сигурни дека сите желби ќе ви бидат исполнети.

Станува збор за мажите родени во знакот на Овен.

За луѓето кои му значат, Овенот е подготвен да направи сѐ, не бира средства со кои ќе го постигне тоа и не го интересира кој што мисли за тоа. Неговите напори најчесто вродуваат со плод, бидејќи покрај тоа што се упорни, исто така се духовити.

 
 

Не се срамат среде ноќ да заѕвонат на вашата врата и да ви се фрлат во прегратка. Мажот Овен ја следи својата партнерка во секој чекор и го подготвува моментот кога ќе ја изненади.

Мажите родени во знакот на Овен се многу темпераментни. Колку и да се трудат, не можат да го скријат својот темперамент, бидејќи тоа би претставувало бегање од суштината на нивното постоење.

Сакаат да владеат, да бидат доминантни, но пред сѐ имаат добра душа и секогаш се фер. Многу често не можат да не попуштат на „женски солзи“.

Нема да најдете партнер кој е пострастен од Овенот, ниту пак ќе најдете некој со неговиот авантуристички дух, подготвен да се препушти на непознатото, а сепак е одговорен, за вас и за себе.

  
 

Сепак, и нивната страст има „Ахилова пета“: Овните сакаат партнерка која ќе им одговори на нивниот романтичен ентузијазам или во спротивно ќе им стане здодевно.

Мажот Овен ја има таа уникатна способност брзо да преболува и да продолжи понатаму по неуспешна врска.

(80)

loading...

Вашиот коментар