Мажите од овие професии се најдобри љубовници

Дали верувате дека професијата на вашиот партнер има поврзаност со неговите вештини во кревет? Едно истражување тврди дека има.

Redbook направи истражување меѓу 400 мажени жени за да открие кави љубовници се мажите кои се занимаваат со различни професии. Секс терапевтката и психолот д-р Линда де Вилерс вели дека воопшто не изненадува тоа што вашиот партнер го прави во текот на денот да влијае и на тоа што го прави навечер.

„Ако цел ден ракува со машини, можно е да знае и што треба да прави со женското тело. Ако има работа која е линеарна, се потпира на логика, можно е да и малку поформален и во кревет“, вели докторката.

Еве ги резултатите од истражувањето, какви љубовници се мажите од различни професии:

 
 

1. Мажи во униформа (пожарникари, полицајци и слично)

Околу 81 проценти од нивните партнерки сметаат дека најсекси работа поврзана со овие мажи е тоа што сакаат нивната партнерка да е целосно задоволена. 84 проценти од жените го оценуваат сексуалниот однос со овие мажи како одличен или многу добар.

Сепак, и тие имаат мана, 25 проценти од жените велат дека избегнуваат предигра, а 35 проценти посакуваат партнерите да бидат повеќе авантуристи во кревет.

2. Доктори и здравствени работници

  
 

Нивните жените велат дека овие мажи се романтични и нежни, сакаат да се галат. Околу 55 проценти велат дека се најдобри и од најдобрите кога станува збор за орален секс, но се прилично лоши кога се работи за предигра. Околу 34 проценти велат дека предиграта трае прекратко.

Покрај тоа, 36 проценти од нивните партнерки велат дека и сексуалниот однос трае кратко.

3. Трговци

loading...

Според ова истражување, овие мажи уживаат во сексот секојдневно и трипати се повеќе склони на улоги во сексот отколку просечните мажи. Но, 25 проценти од сопругите велат дека односот е пребрзо готов.

4. Работници во фабрика

И овие не се баш некои добри љубовници, 59 проценти од нивните партнерки сметаат дека сексот може да биде многу подобар, а 20 проценти го оцениле сексуалниот живот како лош.

Добрата страна е што овие мажи во кревет се авантуристи, сакаат да експериментираат и да пробуваат  нови пози.

5. Просветни работници и државни службеници

Карактеристично за овие мажи е што не можат да прифатат „Не“ за одговор кога нивната партнерка не е расположена за секс. Тие секојдневно би уживале во сексот.

Интересно за нив е што сите испитанички чии мажи се од оваа бранша велат дека предиграта со нив е редовна, а 61 проценти од мажите сакаат да се галат по односот.

6. Уметници

Нивните партнерки тврдат дека се најдобри љубовници, 45 проценти го оценуваат сексуалниот живот со уметник како одличен. Кај нив и предиграта е добра, а 13 проценти од жените велат дека предиграта понекогаш им изгледа како „вечно да трае“. 73 проценти од уметниците успеваат во целост да си ја задоволат партнерката.

7. Градежни работници

Овие мажи често уживаат во сексот, 58 проценти од нив имаат секс почесто од двапати неделно. Сепак, 30 проценти од жените би сакале нивните партнери да се малку понежни. Интересно е што 61 проценти од мажите најчесто ја задоволуваат партнерката ако таа е расположена за секс, а тие не се.

8. Менаџери и супервизори

Тие се на трето место на најдобри љубовници, 38 проценти од нивните партнерки го оценуваат како одличен нивниот сексуален живот. Овие мажи од сите најмногу сакаат да се галат, а 74 проценти се одлични и во орален секс.

9. Архитекти и инженери

Овие мажи водат сметка нивните партнерки да бидат целосно задоволени, 92 проценти од нив не избегнуваат предигра, а нивните партнерки велат дека таа трае таман толку сексот да биде совршен.

10. Механичари и возачи на камиони

Според оцените на жените, тие се најдобри во орален секс, 95 проценти од нив уживаат во предиграта, а 39 проценти имаат одличен сексуален живот.

11. ИТ експерти

Истражувањето покажува дека тие се најмалку склони кон тоа да се адаптираат кон партнерката, ако таа сака секс, а тој не, само 17 проценти од нив ќе се согласат на тоа. Тие најмалку уживаат во орален секс, а не сакаат да ја задоволат ниту партнерката на овој начин. Не сакаат да експериментираат со пози или секс играчки, но 63 проценти од нив сакаат да се галат по односот.

12. Мажи во костими (адвокати, консултанти и слично)

Овие сакаат секојдневно да уживаат во сексот, 42 проценти сакаат секс секој ден, 10 проценти од нив во тоа уживаат секој ден. Сакаат да експериментираат и да пробуваат нови локации, одлични се во предигра, 92 проценти од нивните партнерки велат дека предиграта трае сосема доволно.

(1771)

Вашиот коментар