Моќта на генетиката: Еве со која баба сме најмногу поврзани и чии гени посебно ги присвојуваме

 
 

Освен биолошкиот материјал, мајките ги пренесуваат и емоциите на своите ќерки, кои подоцна ќе ги пренесат на своите деца.

Според она што го знаеме за генетиката, бабите и дедовците просечно делат 25 проценти ДНК со своите внуци. Ги наследуваме гените и од машките и од женските родители од двете страни. Но научниците тврдат дека бабите по мајка имаат поголемо влијание на потомството, односно дека постојат битни разлики.

Една од теориите тврти дека разликите во начинот на кој бабите по мајка се поврзани со внуците може да се објасни со врската со X-хромозомите. Бабите по мајка пренесуваат еден од своите хромозоми еднакво на внуците, додека бабите по татко пртенесуваат еден од своите X-хромозоми само на девојчињата, не и на момчињата.

Според теоријата на Алехандро Јодоровски од сите баби и дедовци најдолго сме поврзани баш со бабата по мајка. Според неговата теорија нашите гени можат да прескокнат генерација, така што се пренесуваат од бабите и дедовците на нас, што може да се докаже со фактот дека многу повеќе личат на бабата и на дедото, отколку на родителите.

Јодоровски верува дека мајките, освен биолошкиот материјал, ги пренесуваат и емоциите на своите ќерки, кои подоцна ќе ги пренесат на своите деца.

(917)

Вашиот коментар