Науката вели дека тишината е витална за нашето здравје

 
 

Ако сте просечен човек, ќе се разбудите со звукот на алармот. Тој аларм ќе ве испрати до бањата каде што брзо ќе се подготвите за вашиот работен ден. Ако имате време, може да каснете нешто пред да скокнете во вашиот автомобил и да слушате радио додека одите на работа.

Откако ќе стигнете таму, ги имате сите тие луѓе, потрошувачи, соработници, автомобили, камиони, авиони, косилки, реновирање, телефонски повици и разни задачи за следните 8 часа. Овие звуци што повеќето од нас ги доживуваат прекумерно ги испраќаат нашите тела во стресни состојби, го намалуваат нашиот квалитет на живот и потенцијално го намалуваат нашиот животен век. Многу е веројатно дека бучавата, прекумерно, не е здрава за луѓето. Тишината, од друга страна, може да има огромни придобивки, но ајде да ја испитаме штетата предизвикана од бучавата пред да стигнеме до користта од тишината.

Истражувања
Постојат научни докази кои ги поддржуваат негативните ефекти на бучавата врз нашето здравје. Светската здравствена организација (СЗО) го испита и квантифицира оптоварувањето што бучавата го има врз нашето здравје, врз основа на европската студија во која беа вклучени 340 милиони луѓе кои живеат претжно во Западна Европа. Утврдено е дека жителите кумулативно губеле по околу еден милион години од животот поради бучавата секоја година. Сликовито, тоа е едно од три лица да губи цела година од неговиот живот поради прекумерна бучава!

Една студија која беше објавена во 2011 година во списанието “Психолошка наука“ ги испитувала ефектите на аеродромот во Минхен врз здравјето и когнитивните способности на децата. Забележано е дека децата кои биле изложени на таа бучава развиле симптоми на стрес што ги предизвикало да ја игнорираат бучавата. Ќе си помислите епа тоа е супер, ама овие деца не само што ги игнорирале штетните звуци, туку и редовните стимулации кои се важни за да им се обрне внимание, како на пример говорот. Се прашувате зошто луѓето имаат проблем да ви обрнат внимание овие денови? Можеби сите сме изложени на премногу бучава и премногу звуци во денешно време.

‘’Оваа студија е меѓу најсилните, најверојатно најдобриот доказ дека бучавата, дури и на нивоа кои не предизвикуваат оштетување на слухот, предизвикува стрес и е штетна за луѓето’’. – вели професорот Гери Еванс.

Бучавата попатно е поврзана и со високиот крвен притисок, срцевите заболувања, тинитус и губењето на сонот. Живеејќи во постојано бучни околини, ќе доживеете многу повисоки нивоа на штетни ситуации. Се разбира, има нешто што можете да превземете во врска со ова, а тоа е:  АКЦИЈА!

Придобивките од тишината
Размислете за моментите кога сте биле сами, повлекувајќи се во семејната вила или на некое друго место мирно. Дали забележавте колку често сте си ја замислувале тишината? Не само тоа, но веројатно се чувствувавте многу подобро после 3 или 4 часа откако сте биле таму.

Тоа повлекување не е само почист воздух или одмарање на одредено време од работа, тоа е тишината која потсвесно ќе ве релаксира и недостатокот на дистракции. Овој факт може да се забележи и со пуштање гласна музика и забава цело време во истата вила. Ќе донесете заклучок дека таа состојба не е релаксирачка, туку едноставно друга дистракција. Кога ќе ги отсликате двете различни искуства, придобивките од тишината ќе ви станат појасни.

Една интересна студија ги има истражувано ефектите од бучавата, музиката и тишината врз мозокот. Студијата била објавена во списанието ‘’Heart’’ и преку неа јасно се гледа дека двете минути пауза случајно поставеа помеѓу “релаксирачката музика” била многу порелаксирачка за мозокот отколку самата релаксирачка музика. Колку била подолга тишината, толку повеќе придобивки доживувале учесниците. Авторот на студијата Л. Бернарди открил дека неговите “ирелевантни” празни паузи се најважните аспекти на студијата.

Што можете да направите
Значи, што можете да направите ако почувствувате дека сте подложни на многу бучава и барате некако да се исклучите од се и едноставно да се одморите? Прво, добрата вест е дека мозокот се опоравува од премногу бучава со текот на времето. Според теоријата за обнова на вниманието, конечните когнитивни ресурси на мозокот можат да започнат со обновување кога сте во средина со пониски нивоа на сензорни стимулации. Во тишина, мозокот суштински ја ослободува својата сензорна заштита и го враќа дел од она што е “изгубено” преку изложеноста на премногу бучава.

Во пракса, она што би требало да го правиме е нешто како дополнителен напор за да поминуваме време во тишина. Ова значи дека нема музика, филмови, пријатели, разговори, телефони, итн, барем само 30 минути или еден час секој ден.

Оваа тишина не само што ќе му овозможи на вашиот мозок да ги обнови своите когнитивни функции како креативноста на пример, туку може да ви понуди можност да се исклучите, да се смирите и да се поврзете со себе.

(187)

Вашиот коментар