Најголемите грешки кои родителите ги прават на Фејсбук

 
 

Сликите објавени на социјалната мрежа можат да заврши било каде и да останат трајно забележани некаде на интернет.

Социјалните мрежи се идеално место за споделување на семејни фотографии и за да се поврзете со пријателите. Меѓутоа, ако не ги употребувате внимателно, можете да направите голема грешка, особено ако имате дете. Тогаш морате да бидете особено внимателни и да не ја нарушите неговата приватност.

Ова се најчестите грешки кои ги прават новопечените родители:

Обајвување на сите фотографии на детето – бидете внимателни кои фотографии ги објавувате на фејсбук, затоа што еднаш објавените фотографии засекогаш остануваат на социјалната мрежа и никогаш нема да можете да ги избришете.


Креирање посебен профил на детето – не правете го ова, затоа што детето само не може да го користи профилот, а и размислете за тоа дали тоа кога ќе порасне ќе сака сите негови лични податоци да бидат објавени на социјалните мрежи.

Барање комплименти за вашиот родителски труд – ако барате пофалби за се што правите за вашето дете, се стекнува впечаток дека тоа не го правите за негово добро, туку за да добиете признание од другите дека сте добар родител. Сликите објавени на социјалната мрежа можат да заврши било каде и да останат трајно забележани некаде на интернет.

(92)

Вашиот коментар