Најдобро е да ја носите вашата мајка на одмор еднаш годишно, а еве и зошто…

За некои од нас, одењето на одмор со нашата мајка не звучи баш забавно и би сакале да земеме брачен другар, партнер или пријател кога станува збор за избор на патник. Меѓутоа, време е да видите дека патувањето со мајка ви има 101 добри страни! Затоа, охрабрете се и јавете и се да и кажете дека е време да се спакува!

1. Вие и вашата мајка веќе сте тим

You’d Better Take Your Mom on Vacation at Least Once a Year, and Here’s Why
Скоро сигурно е дека ќе биде потребно време да се прилагодите на навиките и желбите на вашиот пријател/сопатник/сопруг/га за време на одморот, но вие и вашата мајка веќе се знаете еден со друг подобро од било кој друг во светот. Без разлика дали ќе лежите на плажа или ќе одите на планинарење, ќе посетувате музеи или ќе одите на шопинг, ќе јадете во фенси ресторани или уживајте во некоја убава локална улична храна; сите ние имаме различни идеи за тоа што е совршен одмор.

Но, кога станува збор за нашите родители, шансите се дека најверојатно ги делиме истите  приоритети за патувањето, бидејќи родителите се луѓето кои ни покажале што значи да патуваме и одиме на одомр на прво место. Само размислете за тоа и најверојатно ќе сфатите дека вие и вашата мајка ги сакате истите работи кога се работи за патување.

 
 

2. Заедно, ќе направите спомени кои всушност се важни

You’d Better Take Your Mom on Vacation at Least Once a Year, and Here’s Why
Ниту еден сувенир нема да го замени матното селфи со мајка ти или слика од вас двете, како стоите до некој споменик изгледајќи чудно “без” нозе или глави (затоа што сте побарале некој од минувачите да ја сликне таа). Оние што се несмасни, но убави, топли слики можеби не изгледаат кул во моментот, но подоцна, ќе ги цениме сите фотки што ги имате, бидејќи тие ќе ги вратат оние слатки моменти во кои сте живееле заедно.

Кога одите на одмор, одвојте време за да креирате спомени што ќе значат нешто посебно за вас двајцата години подоцна. Што може да биде подобро отколку да имате убава чаша чај со мајка ти еден ден, велејќи: “Се сеќаваш кога ги направивме тие пиците на часот по готвење во Италија? Тоа беа најдобри пици што некогаш сум ги пробал/а!”

3. Патувањето на мајката со детето е добра шанса да се надополни изгубеното време

  
 

You’d Better Take Your Mom on Vacation at Least Once a Year, and Here’s Why
Дури и ако живеете сосема блиску до мајка ви, веројатно е тешко да најдете вистинско време за навистина да разговарате едни со други. Често се случува да разговараме со нашите родители само за време на викендите, празниците или семејните прилики каде што мораме да споделуваме време и простор со многу луѓе. Одете и патувајте, само вие двајца и ќе ја пополните таа празнина со долги разговори до крајот на денот, смеење, гушкање, плачење и вршење на сите оние работи за кои обично не успевате да најдете време.

4. Патувањето со мајка ти е совршен начин да се каже, “Ти благодарам”

You’d Better Take Your Mom on Vacation at Least Once a Year, and Here’s Why
Мајката која сака, ќе направи сé што е потребно за да го направи своето дете среќно. Повикувањето на мајка ви да оди на пат со вас е еден од најдобрите начини да се врати нешто назад. Можеби не мислите така на тоа, но патувањето со своето сакано дете може да значи многу повеќе за вашата мајка отколку што ви изгледа на прв поглед. Ако се обидете да ги рекреирате патувањата на кои вие и вашата мајка сте биле кога сте биле мало дете, ќе ја направите да се чувствува среќни и на моменти носталгична, а ќе и ги вратите и најубавите моменти од мајчинството.

5. Додека патувате заедно, подобро ќе се запознаете и ќе излезете од вашите комфорни зони

loading...

You’d Better Take Your Mom on Vacation at Least Once a Year, and Here’s Why
Што е омиленото јадење на твојата мајка? Која книга ја чита таа во моментов? Кои се нејзините планови за блиска иднина? Ако не успеете да одговорите барем на едно од овие прашања, вие и вашата мајка веројатно имате голема потреба од приватно патување, само вие двајца. Поминете некое драгоцено време заедно, запознајте се со меѓусебните тајни и уживајте во личното време на долги, непрекинати разговори.

Правејќи нешто што никој од вас не го сторил претходно, ќе ја зајакне вашата врска дури и повеќе. Никогаш не сте помислиле на екстремни спортови? Пробајте водни спортови и поддржувајте се додека го делите тоа ново возбудливо искуство.

6. Патувањето со мајка ти ќе те научи на трпение

You’d Better Take Your Mom on Vacation at Least Once a Year, and Here’s Why
Иако врската меѓу мајката и детето е најсилна, можеме да речеме дека припаѓаме на различни генерации и нашите вкусови и мислења се разликуваат. Можеме да се разбудиме во различни времиња, да претпочитаме различни видови на храна за појадок и да имаме различни идеи за тоа кој филм ќе го гледаме пред спиење. Ограниченото време и непознатиот простор ќе ве охрабрат да дојдете до компромис и да го најдете решението кое ќе ве направи вас и вашата мајка среќни.

(151)

Вашиот коментар