Најстар и проверен рецепт за реума и болки во зглобови и коски

 
 

Освен овој лек за реума, издвоивме уште неколку рецепти со рузмарин за лекување на различни тегоби. Рецептите можете да ги прочитате подолу во текстот.

Рузмаринот е антиоксиданс кој се покажал како многу делотворен во лекувањето на лица кои биле изложени на радијација.

Со употреба на рузмаринот, се спречува таложењето на отровите. Имено, оваа билка ја содржи состојката карносол, а карносичната киселина делува како заштита од отпадните, слободни радикали во организмот.

РЕЦЕПТ ЗА РЕУМА, БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИ И КОСКИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар 90% алкохол од аптека (или појака домашна ракија)
15 ацетисали
10 г кристали ментол
5 гранчиња рузмарин

ПОСТАПКА:

Се дробат таблетите во прав и се ставаат во шише со ракија (или стаклена тегла), се додаваат и кристалите од ментол. Се протресува за да се растопи. Наместо таблети ацетисал, може да се користи аналгин или аспирин – ацетилсалицилна киселина. Се ставаат гранчињата од рузмарин, се затвора шишето или теглата и се остава 8 дена на топло. Секојдневно се протресува по неколку пати.

Употреба: Се мачка на заболените места и се користи како облога.

Лек за холестерол со Рузмарин

Една гранка 15-20 см рузмарин се дроби со листот, се става во 1 литар вода со 21 кафена лажичка шеќер.

Се става да се вари.

По 10-тина минути се додава еден лимон исечен на парчиња и треба да изврие половина од течноста.

Се пие секое утро пред јадење по еден филџан.

Лекува од болки во срцето, холестерол, ја смирува нервната напнатост, а можно е и слабеење.

Рузмаринот е добро позната и популарна медитеранска билка, која одушевува со својот пријатен мирис.

Тој најчесто се користи за подготовка на рибни специјалитети, но лекарите тврдат дека овој зачин има и многу лековити својства.
Рузмаринот се користел уште од многу одамна во народната медицина, а меѓу луѓето се смета како мевлем за мозокот.

Односно научниците откриле дека оваа лековита билка содржи состојки кои делуваат против слободните радикали што го оштетуваат мозокот.
Оваа билка која начесто се користи како зачин содржи активна супстанца корнозик ацид која го штити мозокот од мозочен удар и неродегенерација по оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали.

Листот од рузмарин ја подобрува циркулацијата

Листот од рузмарин во народната медицина се употребува како чај за подобрување на циркулацијата. Оваа билка помага и при лекување на епилепсија, надувување во стомакот, хемороиди. Одлична е за правење тоник за срцето, така што ќе се натопи во старо вино, а делува и против намален притисок. Додека пак чаша вино со рузмарин помага за брзо опоравување од грип.

А италијанските научници неодамна дојдоа до интересни факти дека рузмаринот делува одлично кај луѓето со Aлцхајмерова болест и влијае врз подобрување на меморијата.

Освен екстрактите кои се внесуваат, од рузмаринот се прават и разни екстракти кои се користат при ароматерапија и разни шампони. Според познавачите на народната медицина, овие екстракти ги помагаат периферните нерви и преносот на информациите помеѓу невроните, а според научниците екстрактот од рузмарин делува врз спречување на прогресивното пропаѓање на нервното ткиво при Алцхајмерова болест.

Освен тоа оваа лековита билка го подобрува и работењето на бубрезите и варењето на храната. Рузмаринот дури делува и делотворно при зараснување на раните и изгорениците.

Листовите од рузмаринот го стимулираат и растот на косата

Истражувањата покажале и дека користењето на листовите од оваа лековита билка го стимулираат растот на косата и ја регенерираат. Додека чајот од рузмарин, пак, може да се користи како тоник за испирање на косата за дополнителен сјај. Оваа древа билка исто така, помага и во борбата против првутот. Кога се комбинира со коњска опашка, рузмаринот помага при испаѓање на косата, кое се јавува како резултат на стрес и грижи.

За кратковидност помага плакнењето на очите со чај од камилица, двапати дневно.

Чајот претходно мора убаво да се процеди низ густа газа или крпа.
Многу ефикасно е и следното средство: секој ден треба да се истријат челото, слепоочниците, лицето и вратот со рузмаринов спирт.

Рузмариновиот спирт се подготвува на следниот начин: Во ¾ литри чист алкохол (од аптека) се дополнува со цвет и гранчиња од рузмарин. Шишето добро се затвора и се остава на сонце или топло место да отстои 3 дена.

Секој ден треба по 2-3 пати да се промешува.
Се процедува низ газа и му се додава 3-4 г камфор да се раствори во него. Се трие онолку долго додека не се впие во кожата.

(260)

Вашиот коментар