Најчестите симптоми на полицистични јајници

 
 

Синдромот на полицистични јајници се карактеризира со јајници со бројни цисти, а симптомите честопати не се препознаваат или погрешно се припишуваат на стресот. Поради ова, многу жени дури и не знаат дека страдаат од овој синдром.

Полицистичните јајници се опишуваат како тивка болест затоа што честопати не ги ни забележуваме симптомите. Поради ова, многу жени дури и не се свесни за својата состојба, сè додека не стане алармантна.

Ова се симптомите кои треба да ве предупредат дека нешто такво се случува со вашиот репродуктивен систем:

1. Неправилни месечни циклуси или нивно целосно изостанување

Менструалните нарушувања се еден од главните показатели за полицистични јајници. Може да се случи жената да нема правилен циклус, менструацијата да трае премногу долго или целосно да отсуствува.

Неправилната менструација исто така може да биде резултат на ненадејно губење на тежината или зголемување на телесната тежина, стрес, но и на хормонална нерамнотежа. Без оглед на причината, неопходно е да се посети лекар ако вашиот циклус не е редовен.

2. Појавување на влакна на необични места

Кога постои синдром на полицистични јајници, во телото се лачат зголемени количини на андрогени хормони кои го поттикнуваат растот на влакната.

Таквите влакна можат да се појават на брадата, околу брадавиците, на градите, од внатрешноста на бутовите, на абдоменот… Ако се појават темни влакна на делови од телото кои не се типични за жени, тоа може да укаже на полицистични јајници.

3. Преголеми акни и слични кожни проблеми

Зголемените количини на андрогени хормони, покрај растот на влакна, предизвикуваат и појава на акни и мозолчиња. Овие хормони го стимулираат производството на себум, а комбинацијата на прекумерно лачење на маснотии кои ги затнуваат порите. Сето ова може да доведе до воспалена кожа, црвенило, болни акни и слични симптоми.

При полицистичните јајници, акните често се појавуваат на градите и вратот.

4. Зголемување на стомакот од необјаснива причина

Зголемување на стомакот поради необјасниви причини исто така е знак на полицистичните јајници. Вишокот се појавува во долниот дел од абдоменот и понатаму го нарушува метаболизмот, создавајќи маѓепсан круг кој е доста тежок за третирање и бара редовна лекарска контрола.

5. Неможност за зачнување

Жените со полицистични јајници тешко забременуваат, поради нередовната или нецелосната овулација. Овој синдром е една од најчестите причини за неплодност. Но, добра вест е што со одговорен пристап и редовна терапија, иако може да биде и доста мачно, овие жени имаат големи шанси сепак да забременат.

(995)

Вашиот коментар