Негативни ефекти од недоволниот сон

Сигурно сте забележале дека колку помалку спиете, толку помала е вашата концентрација на работното место и потешко е извршувањето на секојдневните задачи, кои не ви претставуваат проблем кога сте наспани. Неколкуте испиени шолји кафе можат само делумно да го решат проблемот.

Недоволното спиење има многубројни негативни последици врз нашето здравје.

Еве некои од нив:

  • Зголемен ризик од дијабетес. Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно се зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.
  • Намален имунитет. Колку помалку спиеме, толку послаб станува нашиот имунитет. Организмот на личностите кои спијат недоволно потешко се бори со вируси и бактерии.
  • Намалување на работната ефективност. Ако не спиете доволно во текот на ноќта, не се надевајте дека ќе покажете позитивни резултати на работното место. Недостатокот од сон влијае врз способноста за планирање и врз чувството за ориентација во времето.
  • Нервоза, напнатост и нетолерантно однесување. Луѓето кои не се наспани полесно се иритираат, нервозни се, а понекогаш дури покажуваат агресивно однесување.
  • Намалување на работната ефективност. Ако не спиете доволно во текот на ноќта, не се надевајте дека ќе покажете позитивни резултати на работното место.

(21)

 
 

Вашиот коментар