Неделен хороскоп 25.2.-3.3.2019

 
 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов
Ќе бидете активни во создавањето контакти, па ако уште сте сами, ќе најдете некого. Барем за пријатно познанство. Младите добро ќе се забавуваат, но без љубовни намери. Сите ќе трпат провокации и критики од другата страна.

Кариера
Ќе сонувате поквалитетна работа и поголеми права. Тоа е можно, но најпрвин треба да си ја одработите редовната работа. Соработката ќе биде клучна за вашиот успех. Слушајте ги другите, бидете кооперативни, па и тие ќе ве поддржат.

Здравје
Занемарете ги малите грижи и нервози.

Овен 21.3-20.4.

Љубов
Можно е да ви недостигаат предизвици во приватниот живот. Привлечноста што ја очекувате ќе изостане, па затоа немојте да создавате вештачки ситуации. Така влегувате во светот на илузии. Прифатете го ова како минливо затишје и уживајте во малите радости.

Кариера
Пред вас се денови кога ќе имате најверојатно можност да покажете колку сте љубезни и истрајни во работата. Тоа ќе биде добредојден предизвик што веднаш ќе го прифатите. Многумина дури сега ќе увидат дека имаат и некои други таленти.

Здравје
Смирете ја својата потреба за акција по секоја цена.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов
Созреана ви е идејата како да забавувате и заведете една личност која ја посакувате, па ќе се потрудите тоа и да го направите. Веројатно ќе успеете, но под услов да прифатите и по некој компромис и да не скокате на секоја провокација.

Кариера
Ништо не е случајно, па ни тоа дека токму на вас ви се случуваат некои работи што ве збунуваат. Сепак, не е толку лошо зашто конечно ги земате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа не брзајте, туку одете чекор по чекор.

Здравје
Подоцна се ќе си дојде на свое место.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов
Ведрина, позитивен дух, шарм и уживање во малите работи – тоа ќе го обележи деновиве вашиот приватен живот. Затоа не се грижете за ситни работи, не се толку важни. Подобро уживајте во она што го имате. Некои ќе сонуваат со отворени очи.

Кариера
Ќе има премногу желби и премалку шанси за нивно остварување. Вашите амбиции не се мали, но ситуацијата ќе налага задолжителна соработка со други. Време е за добро планирање на следните потези, а за реализација може и да почекате.

Здравје
Немојте да бидете нетрпеливи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов
Веројатно ќе се чувствувате малку осамени или ќе фантазирате. Смирете се и повлечете се во тишина и медитација. Немојте да очекувате многу повеќе од она што сега го имате.

Кариера
Ситуации, луѓе и настани – сето тоа ќе ве наведе на потребата да поработите на вашиот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа, но ќе ги барате сите информации што ќе ве доведат кон тоа.

Здравје
Вистината прифатете ја во целост.

Лав 23.7- 22.8.

Љубов
Се повеќе ќе се занимавате со вашиот приватен живот и ќе копнеете по љубов. Мали недоразбирања или грешки во чекори ќе бидат од минлив карактер. Поголемиот дел сепак ќе ви оди од рака, па потурдете се да излезете во друштво ако сте сами.

Кариера
Оние кои бараат работа би можеле да бидат повикани на разговор што ветува. Не е исклучено и да добијат работа. Оние кои веќе работат ќе бидат настроени да ги покажуваат емоциите на работното место и ќе уживаат во работата.

Здравје
Побарајте хоби поврзано со луѓе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов
Ќе станете подруштвени, зашто така ќе ве наведат околностите. Сепак вашето срце веројатно нема да биде исполнето. Многумина заедно ќе излегуваат во поголеми групи и нема да седат сами. Добрата забава е загарантирана, но не и многу повеќе.

Кариера
Атмосферата на работното место ќе биде добра. И покрај повремениот замор, полесно ќе работите. И односите со колегите ќе се подобрат. Малите пропусти во изразувањето ќе ги надоместите со љубезност и сериозна работа.

Здравје
Добро е да почнете со индивидуален спорт.

Вага 24.9.-23.10

Љубов
Ако сте уште сами и барате љубов, веројатно ќе фантазирате. Ова се денови кога повеќето ќе пребарувате по далечни љубовни сеќавања или ќе читате меѓу редови гледајќи ја саканата личност. Нема да биде здодевно, ниту сензационално.

Кариера
Што и да се случи на работното место, вие ќе бидете главен координатор на работите или дипломагт кој сос својата вештина на комуницирање ќе ги насочи работите на вистинското место. Вашите потези ќе добијат на значење, па внимавајте што работите.

Здравје
Би било добро да одите во природа за да ги наполните батериите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов
Вашата потреба да бидете заштитени ќе биде се посилна, а со тоа оди и живот во тишина. Барем кога станува збор за љубовта. Веќе нема да ви бидат важни атракции, туку ќе почнете да уживате во мали и нормални состојби. Тоа е зрелост, било за партнерите, било за личноста засебно.

Кариера
Она за што се борите е исправно, но треба подобро да соработувате со другите. Барем сега. Некои ќе се обидуваат да ја усовршат својата стручност. Оние кои учат секако се во добивка.

Здравје
Ќе правите планови за далечни патувања.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов
Пред вас се добри љубовни денови. Доколку имало некаква пречка меѓу вас и партнерот, сега и двајцата ќе се отворите и ќе јадете заеднички јазик. Ќе има уште непримерено однесување, но занемарливо.

Кариера
Веројатни се нови задачи од стана на вашите надредени. Дури сега ќе видите дека и тие можеле да бидат и тоа како амбициозни. Ќе испливаат и резултати од една ваша претходна работа, што ќе ви го подигне личниот рејтинг на работата.

Здравје
Бидете јасни за сите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов
Некои конечно ќе успеат да го отворат своето срце и да се ослободат од пречките или фрустрациите што ги кочеле. Тоа ќе биде гиолем чекор напред во вашите лични односи. Другата страна ќе ве поддржи и сака. Самците ќе ја бараат љубовта преку размена на идеи.

Кариера
Се повеќе ќе соработувате со млади и ќе воведувате млади лица во работењето. Тоа ќе ви донесе освежување и радост. Исто така ќе се зголеми кореспонденцијата, а боројот на меилови ќе биде завиден.

Здравје
Мали нервози и грижи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов
Ќе играте на карта на наивност, ноншалантност и шарм. Тоа најдобро ќе ви оди во личниот живот. Ако се обидете малку посериозно да разговарате со другата страна, ќе наидете на сопствениот хаос. Или обратно. Затоа молчете и едноставно сакајте.

Кариера
Некои веројатно ќе имаат посебни таленти, но во сударот со реалноста ќе видат дека навистина ги немаат. Од таму ќе се смеете сами на себеси или ќе издржите некоја критика. Набргу ќе продолжите понатаму со зрели размислувања.

Здравје
Не бидете материјалисти. Духот е главниот двигател.

(240)

Вашиот коментар